
„ВЕРУВАМ ТРЕТАТА СВЕТСКА ВОЈНА Е ТУКА“ Милијардерот и поранешен акционер на „Тесла“ шокираше, поради овие зборови берзанските кругови треперат: „Неизбежен е крах како 1929 година“
Еден од најголемите акционери на Tesla во светот објави своевидно предупредување на својата сметка „X“, која моментално кружи низ берзанските кругови, пренесува Bloomberg.
„Верувам дека третата светска војна е тука“, напиша милијардерот Лео Коган (69) на „Х“ и додаде: „Неизбежен е крах на берзата како во 1929 година“.
Наместо да продолжи да инвестира во компанијата за електрични возила на Илон Маск, тој сега ги продава нејзините акции и наместо тоа купува краткорочни американски државни обврзници.
„Јас продавам Тесла и акумулирам тримесечни записи“, пишува.Тој верува дека е „неизбежен пад на берзата како во 1929 година“, а како што наведува, ова се должи на националниот долг и буџетскиот дефицит на САД .
Коган го заработи своето богатство со софтверската компанија SHI International и предизвика бурни реакции со купување на акции на Tesla во големи количини, станувајќи еден од најголемите акционери на Tesla.
Според Блумберг, тој има богатство од 13,5 милијарди американски долари, од кои голем дел е инвестиран во акции на Тесла. Во мај 2024 година, според истражувањето на Блумберг, тој сè уште имал 27,7 милиони акции, што е еквивалентно на удел од околу 0,9 проценти.

