
„ВЕЧНА ТИ СЛАВА БРАТ МОЈ, МИ БЕШЕ ЧЕСТ ШТО ТЕ ПОЗНАВАМ“ – Вилијам Михајловски Вили се прости од Игор Југ
Н фејбук групата Слобода за Вили, а која припаѓа на Вилијам Михајловски, еден од осудените за 27 април, се прости од починатиот Игор Југ.
„Вечна ти слава Брат мој. Реферати нема да пишувам, само ќе кажам дека чест ми беше што те познавам. Сочувство до семејството“, напиша тој на фејсбук.
Во февруари 2019 година кога му се судеше за 27 април Михајловски говореше.
„Кој фактор сум јас во оваа држава да соберам толпа народ, па уште и да ја предводам. Доколку можев да соберам толку луѓе, сега ќе бев пратеник и ќе бев амнестиран. Во Собранието нè пречекаа со отворени врати. Недостасуваше уште шведска маса и сè да биде на ниво“, рече Михајловски.
Тој тврдеше дека на критичниот ден пред Собранието дошол само со еден пријател, што е спротивно на обвинението на ОЈО, во кое се велеше дека тој бил еден од организаторите на толпата граѓани при упадот.