
ВЕЌЕ ОД МАРТ ВИСТИНСКА ПРОЛЕТ Температури повисоки од 30-годишниот просек

Пролетта оваа година ќе ја почувствуваме уште од овој месец кој ќе биде за еден степен потопол од 30 годишниот просек, како и стабилно и суво време со многу сонце, пишува македонскиот метеопрогнозер Славчо Попоски.
Во текот на март врнежите ќе бидат под просекот за овој период, но со повремени врнежливи периоди и нестабилно време.
Деновиве пак температурите особено во Повардарието и во југоисточните предели ќе се искачат и до 20 степени, пишува Попоски на порталот Метеоаларм.
Целата подолгорочна прогноза на Попоски за март може да ја прочитате на следниов ЛИНК.
.
