Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Вељаноски вели дека за да не се злоупотребува европското знаменце опозициски пратеник треба да биде претседател на Комисијата за европски прашања
Македонија

Вељаноски вели дека за да не се злоупотребува европското знаменце опозициски пратеник треба да биде претседател на Комисијата за европски прашања

11/09/2023

AA

Поранешниот Претседател на Собранието на Македонија, Трајко Вељаноски денеска испрати соопштение до медиумите.

Тој вели дека за да не се злоупотребува европското знаменце опозициски пратеник да биде претседател на Комисијата за европски прашања.

Во продолжение цело соопштение:

„КАКО КОМИСИЈАТА ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА СТАНА ВТОР ЗАКОНОДАВЕН ДОМ !?

Во мандатот 1998/2002 комисијата се викаше Комисија за европски и евро-атлантски интеграции.

Подоцна, во следните мандати, поточно од 2003 година до денеска се вика Комисија за европски прашања.

Комисијата за европски прашања е основана со Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за основање на постојани работни тела на Собранието на Република Македонија (Службен весник број 30/2003 година), што ја донесе Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 18 април 2003 година.

Со Одлуката за изменување на Одлуката за основање на постојани работни тела на Собранието на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија број 86/2005”), што ја донесе Собранието на Република Македонија на седницата оддржана на 6 октомври 2005 година извршена е измена на надлежностите на Комисијата.

Согласно член 60 став 1 алинеја 4 од Деловникот на Собранието на Република Македонија претседателот на Собранието определува работно тело надлежно за разгледување на одделни прашања поднесени до Собранието (матично работно тело). Во долгогодишната собраниска пракса сите предлог-закони со европско знаменце СЕКОГАШ биле разгледувани на Комисијата за европски прашањак како заинтересирано работно тело а не како матично работно тело , НО, СЕКОГАШ, БЕЗ ИСКЛУЧОК тие предлози содржеле коресподентни табели (неизбежно составен дел од предлог закон со кој се врши усогласување со европското законодавство) и НИКОГАШ, НИТУ ЕДНАШ, не било злоупотребено европското знаменце.

За матично тело се определува работното тело во чијшто делокруг, во целост или во поголем дел, спаѓаат прашањата кои се уредуваат со предложениот закон.

Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 12 февруари 2013 година донесе Деловник за изменување и дополнување на Деловникот на Собранието на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” број 23/2013). Овие измени и дополни се однесуваат на разгледувањето на предлог-законите од надлежност на матичното работно тело за финансиите и буџетот, од надлежност на матичното работно тело за економските прашања и на предлог-законите со кои се врши усогласување со правото на Европската унија. Исто така, допрецизирана е постапката за донесување на Буџетот на Републиката и на постапката за измена на Уставот на Република Македонија.

Користејќи односно злоупотребувајќи ги измените на Деловникот во изминатиов период од 2017 година до 2023 година во Собранието се донесоа преку 100-на Закони со европско знаменце па би издвоил некои

– Закон за употреба на јазиците

– Ратификацијата на договорот за пријателство и соработка со Бугарија

– Ратификацијата на Преспанскиот договор

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Нискиот опфат на вакцинација го става Прилепскиот регион пред ризик

07/09/2026
Македонија

Пожарот кај Македонски Брод навлегува кон „Јасен“, активирани сите три

07/09/2026
Македонија

Метеоаларм за утре: Високи температури низ цела Македонија!

07/09/2026
Македонија

Пријавен 62-годишник од Свети Николе: Сомнение дека присвоил 82.180 денари

07/09/2026
Македонија

Скопје добива 3.300 нови контејнери, набавката е двојно поевтина од

07/09/2026
Македонија

64 жаришта на сипаници кај овците, досега угинале околу 10.000

07/09/2026
Македонија

Четири случаи на семејно насилство во едно деноноќие

07/09/2026
Македонија

Ангелов: Пожарот на македонско-косовската граница е ставен под контрола

07/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45525
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Нискиот опфат на вакцинација го става Прилепскиот регион пред ризик од нови епидемии

07/09/2026

Прилепскиот регион се соочува со сериозен ризик од епидемии на заразни болести поради недоволен опфат на имунизацијата. Иако локалниот процент

Пожарот кај Македонски Брод навлегува кон „Јасен“, активирани сите три „Ер трактори“

07/09/2026

Пожарот кој од подрачјето на Македонски Брод се движи кон ловиштето „Јасен“ е ставен под засилен воздушен и копнен надзор,

Метеоаларм за утре: Високи температури низ цела Македонија!

07/09/2026

Топлото време продолжува и во текот на утрешниот ден, а високите температури ќе ја зафатат целата територија на земјава. За

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy