
ВАЖНО ЗА СИТЕ ШТО ДОБИЛЕ ПРЕМНОГУ ВИСОКИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА – приговор прво до ЕВН ХОМЕ, а ако не сте задоволни – до РКЕ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и
услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија(РКЕ) ја
информира јавноста дека (согласно Тарифниот систем за продажба на
електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач и
снабдувач во краен случај, член 10 став 8 ),сите домаќинства кои добиле
сметки за електрична енергија и имаат за прв пат фактурирана потрошувачка во
четврт блок, ЕВН Хоме е должен да ги корегира сметките за електрична енергија и
да направи соодветна распределба по блокови согласно историјатот на просечната
потрошувачка на домаќинствотово последните 3 пресметковни периоди
Потрошувачите кои се незадоволни од пресметката на
потрошената енергија и износот на сметката, (согласно член 37 од Законот за енергетика*, Правилата за снабдување со
електрична енергија и Правилата за постапување на приговори и разрешување на
спорови, потрошувачите за секоја фактура) имаат право да вложат приговор до
универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ.
Доколку потрошувачот не е задоволен од добиениот одговор
или не добијат одговор во законски предвидениот рок (од 8 дена), имаат право да
поднесат приговор до РКЕ каковторостепенорган. За приговорот до РКЕ нема пропишано посебна форма/формулар и кон истиот
треба да приложат:копија од вложениот приговор до ЕВН ХОМЕ,одговорот од ЕВН
ХОМЕ и копија од сметката по која приговараат.
Приговорот може да се достави во архивата на РКЕ или
електронски по е-маил на erc@erc.org.mk и potrosuvaci@erc.org.mk .
Против решенијата на РКЕ незадоволната странка може да поведе
Управен спор.
Од 1 јануари 2025 годинацената наструјата за просечна
потрошувачка во сите четири блокови е зголемена за помалку од еден процент (0,92 %).
Конкретно во прв блок цената е зголемена за 0,68%, додека во втор блок цената е
зголемена за 0,90 %
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и
услуги за управување со комунален отпад ги повикува политичките партии да не ги
политизираат одлуките на РКЕ кое е независно тело.