Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Вардар убедлив против домаќинот на отворањето на „Струшки турнир“
Спорт

Вардар убедлив против домаќинот на отворањето на „Струшки турнир“

16/08/2023

AA

Струга не му беше противник рамен на Вардар, па првиот меч од овогодишното 51. издание на ракометниот „Струшки турнир“ помина без возбудувања и изненадувања, со висока победа на фаворитот. Најтрофејниот македонски тим славеше со 29-17, тестирајќи го речиси целиот свој, подновен тим на отвореното игралиште „Горан Поповски – Бабец“, покрај езерото во Струга.

Епилогот на овој меч се виде уште по неколку минути во првото полувреме, кога Вардар поведе со 7-1. Оваа разлика ја негуваше до паузата, кога резултатот застана на 15-8 за 13-кратниот освојувач на турнирот.

Во вториот дел водството бргу стана двоцифрено со првите три гола на „вардарци“, па остатокот од мечот, тренерите Владо Недановски и Наум Танески го користеа за проверка на играчкиот кадар.

Се истакнаа голманите, Тутенковски кај Струга и Гогов кај Вардар со по осум одбрани во второто полувреме, при што домаќинот одбрани еден седмерец, гостинот три. Во првото полувреме Томовски запиша шест интервенции, а меѓу стрелците предводеше Ќосевски со пет, по него Срдановиќ и Петриќ со по четири, колку што имаше и најефикасниот „стружанец“, Бошњак.

 

Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📷 ВМРО-ДПМНЕ ИЗБРА НОВИ ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА ПАРТИСКИ КОМИСИИ Клековски, Тошковски

10/02/2026
Македонија

СТУДЕНТСКИ МАКИ ВО ОХРИД: Студентскиот дом „Никола Карев“ веќе 12

09/02/2026
Македонија

ЌЕ ДУВА ЈУГОИСТОЧЕН ВЕТЕР Дождот ќе преминува во снег на

09/02/2026
Македонија

УСТАВОТ НЕ СЕ ТОЛКУВА ПО ЛИЧНА ПРОЦЕНКА ИЛИ ВПЕЧАТОК Филков

09/02/2026
Македонија

ПРАВО Е НА СИНДИКАТИТЕ ДА ПРОТЕСТИРААТ Владата веќе склучи историски

09/02/2026
Македонија

„Го слушаме гласот на членството“: Мицкоски најави големи кадровски промени

09/02/2026
Македонија

МАЈКА ТЕРЕЗА СТАНУВА ЗАШТИТНИЧКА НА КАЛКУТА: Архиепископијата ѝ оддава чест

09/02/2026
Македонија

„Стоматологот да не толкува право“: Филков му врати на Сали

09/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41261
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📷 ВМРО-ДПМНЕ ИЗБРА НОВИ ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА ПАРТИСКИ КОМИСИИ Клековски, Тошковски и Перински добија клучни улоги

10/02/2026

Новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва на редоцна седница избра повеќе претседатели на партиски комисии, при што за претседател на

СТУДЕНТСКИ МАКИ ВО ОХРИД: Студентскиот дом „Никола Карев“ веќе 12 часа без струја

09/02/2026

Студентите сместени во државниот студентски дом „Никола Карев“ во Охрид веќе повеќе од 12 часа се оставени во информативен и

ЌЕ ДУВА ЈУГОИСТОЧЕН ВЕТЕР Дождот ќе преминува во снег на планините

09/02/2026

Времето во вторник, 10 февруари, ќе биде променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Претпладне, врнежите од

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy