Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 В понеделник во 18 часот ќе светне елката на плоштадот во Скопје
Македонија

В понеделник во 18 часот ќе светне елката на плоштадот во Скопје

11/12/2025

AA

Градот Скопје најави дека празничниот дух годинава повторно ќе се врати на плоштадот „Македонија“, каде со свечена програма, музика и богати содржини ќе биде означен почетокот на новогодишните и божиќните прослави во главниот град. Настанот ќе се одржи на 15 декември, во 18 часот, а организаторите најавуваат многу изненадувања за посетителите од сите возрасти.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски упати покана до граѓаните да присуствуваат на заедничкото „осветлување“ на градот, истакнувајќи дека празниците се време кога Скопје повторно заблескува со радост и заедништво.

„Нашиот град е најубав кога свети од насмевки и празнична магија. Сите ја заслужуваме топлината што ја носат празниците. Затоа со огромна радост ве поканувам да го означиме почетокот на едно ново празнично поглавје исполнето со забава, музика и подароци, како и омилените херои што ќе ги израдуваат најмалите“, порача Ѓорѓиевски.

Тој најави дека веќе од 16 декември ќе следуваат секојдневни настани и активности, кои ќе траат до самата Нова година. Според градоначалникот, новогодишната ноќ ќе донесе спектакуларен дочек кој Скопје долго ќе го памети.

Градот Скопје ги повикува сите граѓани да се приклучат на отворањето на празничната сезона и да ја споделат најубавата празнична енергија на плоштадот „Македонија“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Муцунски во прва посета на Израел: Сакаме да бидеме порта

29/08/2026
Македонија

Од вторник Градски воз: Осум линии дневно меѓу Зелениково и

29/08/2026
Македонија

Пензиите ќе пораснат до 3,5 проценти, точниот износ ќе се

28/08/2026
Македонија

За едно деноноќие приведени 16 возачи за „безобѕирно управување“

28/08/2026
Македонија

ВИДЕО Големо количество сахарска прашина над Македонија

28/08/2026
Македонија

8 активни пожари на отворено, три се под контрола

28/08/2026
Македонија

Завршува летниот режим: ЈСП од 1 септември со зимски возен

28/08/2026
Македонија

Семејна драма во Македонска Каменица: Снаата ја нападнала свекрвата, па

28/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45316
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Муцунски во прва посета на Израел: Сакаме да бидеме порта кон Европа не само за

29/08/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во интервју за израелскиот весник „The Jerusalem Post“, дадено во рамките

Од вторник Градски воз: Осум линии дневно меѓу Зелениково и Скопје

29/08/2026

Од 1 септември 2026 година повторно се воспоставува железничката врска меѓу Зелениково и Скопје, со градски воз што ќе сообраќа

Пензиите ќе пораснат до 3,5 проценти, точниот износ ќе се знае во септември

28/08/2026

Пензионерите на почетокот на септември ќе дознаат колкаво ќе биде новото зголемување на пензиите, а првичните пресметки покажуваат раст од

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy