
Утрово претреси на пет локации во Скопје поврзани со криминалната група „Беланоца-Барон“
Под раководство на предметниот обвинител што постапува во предметот под кодно име „Бункер“, единиците на МВР од рано утринава вршат претреси на пет локации во Скопје, велат од ОЈО ГОК.
Акцијата е резултат на обезбедени докази во рамките на истражната постапка што се спроведува против членовите на криминалната група „Беланоца-Барон“.
Со повеќе информации обвинителството ќе излезе во текот на денот.

