
Утре почнува судењето Славјанка Петровска против Драган Ковачки
Министерката за одбрана Славјанка Петровска соопшти дека утре ќе се одржи подготвително рочиште за судскиот спор кој го иницирала против Драган Ковачки, односно тужбата со која министерката го тужи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ за изнесени наводи за кои Петровска тврди дека се невистини.
-Утре со почеток во 10:40 часот во Основен суд 1 ќе се одржи подготвителното рочиште за судскиот спор кој го иницирав против искажаните невистини на Драган Ковачки кон мене, објави Петровска на Фејсбук.
Таа вели дека „сите лаги кои ги изнел Ковачки против неа ќе бидат разобличени“.
-Како што ветив, ќе побарам судењето да биде транспарентно и јавно, а сите лаги кои Ковачки ги измисли против мене во изминатиот период, ќе бидат разобличени, напиша Петровска во објавата на Фејсбук.