Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 УСТАВОТ НЕ СЕ ТОЛКУВА ПО ЛИЧНА ПРОЦЕНКА ИЛИ ВПЕЧАТОК Филков му одговори на Сали за иницијативата за правосудниот испит
Македонија

УСТАВОТ НЕ СЕ ТОЛКУВА ПО ЛИЧНА ПРОЦЕНКА ИЛИ ВПЕЧАТОК Филков му одговори на Сали за иницијативата за правосудниот испит

09/02/2026

AA

Уставот мора да се почитува и не смее да биде предмет на дневнополитички интерпретации, а државата не функционира по принцип на лична проценка, професионален рефлекс или политички впечаток.

Ова е дел од одговорот на министерот за правда Игор Филков на изјавата на вицепремиерот Беким Сали во врска со петиција на студенти за полагање на правосуден испит на албански јазик.

Во продолжение следи целата реакција на министерот.

„Почитуван вицепремиер , Беким Сали

Времето кога Уставот и законите се толкуваа според дневнополитички потреби, а не според нивната содржина, заврши со заминувањето на СДСМ–ДУИ од власт.

Оваа Влада нема намера да ја продолжи праксата на правен релативизам, институционален хаос и селективна примена на нормите. Напротив, обврзани сме да воспоставиме јасни правила, правна сигурност и целосно почитување на уставниот поредок.

Токму затоа, во врска со изјавите на вицепремиерот Беким Сали за полагањето на правосудниот испит на албански јазик, чувствувам обврска јавно, јасно и недвосмислено да реагирам, во интерес на Уставот, правниот поредок и институционалната сериозност на државата.

Првенствено, Уставот мора да се почитува и не смее да биде предмет на слободни и дневнополитички интерпретации.

Токму тоа го потенцирав и на последната средба за Реформската агенда.

Но, почитувањето на Уставот подразбира цело, системско и доследно читање на уставните и законските одредби, а не нивно селективно вадење од контекст за краткорочни политички пораки.

Го разбирам вицепремиерот Беким Сали како стоматолог, и како политичар кој допрва ја запознава материјата на европските интеграции и правосудните реформи.

Но, потенцирам, државата не функционира по принцип на лична проценка, професионален рефлекс или политички впечаток. Одлуките не се носат по чувство, туку по Устав и закон. Во правниот систем не постои категорија „има или нема волја”. Постојат уставни норми, законски решенија и институционални процедури.

Сè друго е опасна поедноставеност што ја поткопува правната држава и ја враќа праксата на произволност, од која за жал, Македонија скапо плати во минатото.

Имено, Министерството за правда ја разгледа петицијата поднесена од студентите во врска со полагањето на правосудниот испит на албански јазик, при што внимателно се анализирани сите релевантни уставни и законски одредби.

Законот за употреба на јазиците овозможува употреба на албанскиот јазик како службен јазик во постапките пред институциите, но неговата примена не може да се разгледува изолирано од другите системски закони што го уредуваат функционирањето на правосудството. Правосудниот испит претставува клучен предуслов за влез во судството, јавното обвинителство, адвокатурата, нотаријатот и извршувањето, при што сите овие закони експлицитно предвидуваат услов за активно познавање на македонскиот јазик.

Полагањето на правосудниот испит на македонски јазик е во директна функција на проверка на таа јазична и стручна подготвеност, имајќи предвид дека сите постапки, одлуки и службени акти во правосудниот систем примарно се водат и донесуваат на македонски јазик и кирилско писмо, согласно Уставот и законите.

Согласно член 7 од Уставот на Република Северна Македонија (Амандман VI), на целата територија на Републиката и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Уставната одредба јасно утврдува и дека употребата на друг службен јазик е дозволена под услови и на начин утврден со Устав и закон, без притоа да се дерогира уставната позиција на македонскиот јазик како примарен службен јазик. Дополнително, Законот за правосудниот испит не содржи одредби за полагање на правосудниот испит на друг јазик освен македонскиот јазик.

Согласно член 1 став (1) од Законот за употреба на јазиците (,,Службен весник на Република Северна Македонија” бр.7/19), на целата територија во Република Северна Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.

Според став (2) од истиот член, друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните (албански јазик), исто така, е службен јазик и неговото писмо, согласно овој закон.

Според ставот (2) од истиот член, во согласност со правото на граѓаните да употребуваат било кој од наведените службени јазици од членот 1 став (1) и (2) од овој закон во судските, управните, извршните постапки, предистражните и истражните постапки, кривични и прекршочни постапки, парнични и вонпарнични постапки, постапка за извршување на санкции, како и другите постапки предвидени со други закони. Судовите, јавните обвинителства, како и сите други органи, тела и други институции се обврзани да овозможат користење, употреба и примена на било кој од службените јазици од членот 1 став (1) и (2) и нивните писма во тие и други постапки.

За Законот за употреба на јазиците се произнесе и Венецијанската комисија, а во момнетов до Уставниот суд се поднесени 13 иницијативи за оценување на уставноста и законитоста. Имено, според Венецијанската комисија Законот содржи повеќе нејаснотии во однос на неговото значење и опсег. Не е секогаш јасно кои одредби од Законот се однесуваат само на албанскиот јазик, кои се однесуваат и на други јазици на заедниците (турски, српски, босански, влашки, ромски итн.), и кои правни субјекти се опфатени со Законот. Оваа текстуална нејаснотија дополнително ќе ја отежни примената на Законот. Затоа, Комисијата го повикува законодавецот повторно да го разгледа Законот за јазиците и, при тоа, да ги земе предвид, во консултација со сите засегнати страни, особено следните препораки:-да се напуштат одредбите од Законот што се однесуваат на двојазичноста во судските постапки и да се преземат неопходните мерки за да се обезбеди ефективна примена на јазичните барања од Законот за јазици од 2008 година во судските постапки.

Затоа, тезата дека Министерството за правда „нема аргументи” е неточна и политички мотивирана. Аргументите се јасни, уставни и законски. Она што недостасува во изјавите на вицепремиерот е почит кон правниот систем како целина.

На крај, дозволете ми, да упатам порака до г-динот Сали.

Почитуван колега,

Уставот не е тема за телевизиски емисии, ниту алатка за политички наративи, а правосудството не смее да биде заложник на ничија агенда.

Оваа Влада има за цел да воспостави ред по години институционален распад, да спроведе реформи, а не да произведува конфликти. Кој сака политика, нека ја води на избори, но кој носи функција во правната држава, мора да ги почитува Уставот и законите.

Сè друго е притисок. И тоа нема да помине“,

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СТУДЕНТСКИ МАКИ ВО ОХРИД: Студентскиот дом „Никола Карев“ веќе 12

09/02/2026
Македонија

ЌЕ ДУВА ЈУГОИСТОЧЕН ВЕТЕР Дождот ќе преминува во снег на

09/02/2026
Македонија

УСТАВОТ НЕ СЕ ТОЛКУВА ПО ЛИЧНА ПРОЦЕНКА ИЛИ ВПЕЧАТОК Филков

09/02/2026
Македонија

ПРАВО Е НА СИНДИКАТИТЕ ДА ПРОТЕСТИРААТ Владата веќе склучи историски

09/02/2026
Македонија

„Го слушаме гласот на членството“: Мицкоски најави големи кадровски промени

09/02/2026
Македонија

МАЈКА ТЕРЕЗА СТАНУВА ЗАШТИТНИЧКА НА КАЛКУТА: Архиепископијата ѝ оддава чест

09/02/2026
Македонија

„Стоматологот да не толкува право“: Филков му врати на Сали

09/02/2026
Македонија

АРБЕН ЗИБЕРИ СО ИЗЕТ МЕЏИТИ Внукот на Насер Зибери од

09/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41260
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СТУДЕНТСКИ МАКИ ВО ОХРИД: Студентскиот дом „Никола Карев“ веќе 12 часа без струја

09/02/2026

Студентите сместени во државниот студентски дом „Никола Карев“ во Охрид веќе повеќе од 12 часа се оставени во информативен и

ЌЕ ДУВА ЈУГОИСТОЧЕН ВЕТЕР Дождот ќе преминува во снег на планините

09/02/2026

Времето во вторник, 10 февруари, ќе биде променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Претпладне, врнежите од

ПРАВО Е НА СИНДИКАТИТЕ ДА ПРОТЕСТИРААТ Владата веќе склучи историски договор за платите, вели Ристески

09/02/2026

Петар Ристески, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ беше дел од дебатата во емисијата ,,Само вистини“ на телевизија Канал 5, каде се осврна

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy