Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Уставните измени ќе ги остави пратениците без плажа и годишен одмор
Македонија

Уставните измени ќе ги остави пратениците без плажа и годишен одмор

08/07/2023

AA

Најавата од премиерот Димитар Ковачевски дека во следните две недели Уставните измени ќе ги испратат до Собранието, е само најава дека пратениците ќе останат без редовниот годишен одмор во август па така на плажа и море може да заборават, бидејќи како што вели премиерот, пред нив ќе биде иднината на државата.

Ако во следните две недели Владата ги испрати предлог уставните измени до Собрание, по одобрувањето од страна на собранискиот спикер Талат Џафери за истите би започнал да тече и рокот кој е предвиден согласно Деловникот за работа на Собранието.

Постапката за измена на Уставот поминува низ три фази:

  1. Во првата етапа Собранието, со двотретинско мнозинство, носи одлука за пристапување кон измена на Уставот.
  2. Втората е фаза на утврдување на нацрт-амандманите и за тоа е доволно мнозинство од вкупниот број пратеници или 61 глас.
  3. Третата финална фаза е усвојување на амандманите и за тоа повторно е неопходно двотретинско мнозинство или најмалку 80 гласа.

Процедура:

Текстот на нацрт амандманите на Уставот со образложение, предлагачот, во случајов Владата, го доставува до претседателот на Собранието, кој го доставува до пратениците и до претседателот на Републиката најдоцна 30 дена пред одржувањето на седницата на Собранието.

За секој нацрт амандман има претрес одделно во Собранието и може да се дадат мислења и предлози. Претресот може да трае најмногу три работни дена по текстот на нацртот на секој амандман одделно.

Претрес на текстот на нацрт амандманите има и во Комисијата за уставни прашања и во Законодавноправната комисија и може да трае најмногу три работни дена по текстот на нацртот на секој амандман одделно.

Потоа, Собранието со апсолутно мнозинство гласови (61) од вкупниот број пратеници, го утврдува нацртот на секој амандман на Уставот одделно.

Следува јавна расправа за предложените амандманите во рок определен од Собранието.

На предложените амандмани, предлагачот, секој пратеник и работно тело, можат да поднесат амандмани најдоцна осум дена пред седницата на Собранието на која ќе се усвојуваат амандманите на Уставот.

Има уште еден претрес во Комисијата за уставни прашања и Законодавно-правната комисија за секој предложен амандман на Уставот, кој може да трае најмногу три работни дена.

Потоа предложените амандмани одат на општ претрес во Собранието, кој може да трае најмногу три работни дена за секој предложен амандман.

Собранието се изјаснува одделно за секој амандман со апсолутно мнозинство.

На крај, амандманите за измена на Уставот се донесуваат со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. За амандманите да се гласа има рок од најмалку 80, а најмногу 100 дена.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Шест лица приведени за семејно насилство за Велигден, вкупно пријавени

13/04/2026
Македонија

ДЕЦАТА ДОБИЛЕ РАСЕКОТИНИ ОБИДУВАЈЌИ СЕ ДА ГО СПРЕЧАТ ТАТКА СИ

13/04/2026
Македонија

14 години од монструозното убиство на четири момчиња и еден

13/04/2026
Македонија

Мажи од демиркаписко со закани од пиштол и нож насилно

13/04/2026
Македонија

Малолетник удрен од возило во с. Балиндол, возачот избегал!

13/04/2026
Македонија

Со четирицикл излетале од патот Тетово- с. Јажинце, две лица

13/04/2026
Македонија

ПРИВЕДЕНИ 10 ВОЗАЧИ ПОРАДИ БЕЗОБЅИРНО ВОЗЕЊЕ Од нив 8 немале

13/04/2026
Македонија

„Неприфатливо“: Муцунски со осуда за палењето на објект на Еврејската

13/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42429
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Шест лица приведени за семејно насилство за Велигден, вкупно пријавени седум настани!

13/04/2026

На 12.04.2026 во 17:50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода

ДЕЦАТА ДОБИЛЕ РАСЕКОТИНИ ОБИДУВАЈЌИ СЕ ДА ГО СПРЕЧАТ ТАТКА СИ ВО НАСИЛСТВОТО Кршење покуќнина, напади

13/04/2026

Шест лица се лишени од слобода за семејно насилство во последното деноноќие, соопшти полицијата. На 12.04.2026 во 17:50 часот во

14 години од монструозното убиство на четири момчиња и еден рибар кај Смилковско

13/04/2026

Одбележуваме 14 години од монструозното убиство на четири момчиња и еден рибар кај Смилковско. На 12-ти април во 2012 година,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy