
УСТAВЕН ГО ПОНИШТИ ЗАКОНОТ ЗА СОЛИДАРЕН ДАНОК: Државата ќе треба да врати околу 49,2 милиони евра на 156-те најпрофитабилни компании
Уставниот суд донесе одлука да го поништи Законот за солидарен данок. Тоа значи дека државата, односно ние граѓаните, ќе треба да им вратиме околу 49,2 милиони евра на 156-те најпрофитабилни компании кои во 2022 година беа еднократно даночени солидарен данок.
Данокот на солидарност беше воведен како еднократна, вонредна јавна давачка во 2023 година. Со него беа задолжени сите компании кои оствариле профит над 615 милиони денари во 2022 година. Околу 150 компании мораа да платат задолжителен вонреден данок на солидарност на веќе одданочениот профит од претходната година.
На седница во ноември минатата годинам, Уставниот суд ги прифати како основани дел од наводите во иницијативите на пет подносители.
Целта на законот, како што објаснуваше претходната влада на СДСМ, беше да се соберат средства за ублажување на последиците од здравствената и екномската криза и да се придонесе за јавните расходи на солидарен начин.
