Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 УСТАВЕН ГИ „ЗАКЛУЧИ“ ЗГОЛЕМУВАЊАТА НА ПЕНЗИИТЕ ЗА НЕРЕЗИДЕНТИ Пензионерите во странство не се во иста ситуација, сметаат судиите
Македонија

УСТАВЕН ГИ „ЗАКЛУЧИ“ ЗГОЛЕМУВАЊАТА НА ПЕНЗИИТЕ ЗА НЕРЕЗИДЕНТИ Пензионерите во странство не се во иста ситуација, сметаат судиите

25/02/2026

AA

Уставниот суд денеска не поведе постапка за измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување кои се однесуваат на нерезидентните пензионери. Тие предвидуваат дека зголемувањата на пензиите од 2024 година нема да се исплатуваат на пензионери кои престојуваат надвор од земјата. Со иницијативите од петмина подносители се бараше оценка на уставноста поради наводна дискриминација и повреда на стекнатите права, но мнозинството судии одлучи дека не се исполнети условите за постапка, истакна претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски.

Судијата известител Осман Кадриу, кој бил за поведување постапка, образложи дека овие одредби воведуваат дискриминација меѓу пензионери кои живеат во земјата и оние надвор од неа.

– Неважно е дали пензионерите живеат во нашата држава или во друга, тие правото на пензија треба да го остваруваат вклучувајќи ги сите зголемувања. Со оивие одредби кои се проблематизираат навистина застанавме на стојалиште дека на нашите пензионери надвор од државава им се скратува правото на зголемувањето на пензите и сите усогласувања – нагласи Кадриу, додавајќи дека одредбите се спротивни на уставните принципи за еднаковост, забрана на дискриминација и социјална правда, како и на Европската конвенција за човекови права.

Мнозинството, според Костадиновски, смета дека пензионерите се во иста правна, но различна фактичка состојба, па нема повреда на член 9 од Уставот.

– Ова е социјална, временска мерка за ублажување на инфлацијата и трошоците за живот во земјата, надградба на стечените права, а не нивно задирање – објасни претседателот на Уставниот суд, нагласувајќи дека по истекот на периодот законското усогласување на пензиите повторно ќе важи за сите.

За измените на Кривичниот законик, Костадиновски изрази критичност кон законодавецот кој пропуштил рок поставен од Судот.

– Собранието мора да покаже уставна дисциплина. Или ќе се заложиме за владеење на правото, или ќе глумиме правна држава – предупреди тој.

Судот констатирал усогласување со формалната уставност, но смета дека новото решение е „далеку од идеално“, иако подобро од претходното.

– Во три години имаме четири правни режими. Каква е тоа правна сигурност, праша Костадиновски, додавајќи дека постапката е запрена за да не се создаде правен вакуум и да се овозможи санкционирање на злоупотреби на јавни средства.

Судијата Кадриу потсети дека формалните процедури се почитувани, но материјалниот дел не е целосно усогласен со одлуката на Судот.

Костадиновски додаде дека Судот поништи два правилника на Општина Гостивар, вклучително и оној за сообраќајни знаци, налепници и сигнализација „НМК“.

– Поништувачката одлука значи дека дејствијата се сметаат како да не се случиле, знаците ќе се вратат на претходна состојба или ќе се донесе нов правилник – појасни претседателот, истакнувајќи дека ефектот е за враќање на уставноста.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОНЧЕВО И СТАБИЛНО ДО КРАЈОТ НА СЕДМИЦАТА Температурите ќе достигнат

25/02/2026
Македонија

И ВТОРАТА ЖЕНА ВО СЛУЧАЈОТ СТАРО НАГОРИЧАНЕ ПОЧИНАЛА ОД НАСИЛНА

25/02/2026
Македонија

Филипче: Граѓаните веќе немаат трпение – на младите не им

25/02/2026
Македонија

УСТАВЕН ГИ „ЗАКЛУЧИ“ ЗГОЛЕМУВАЊАТА НА ПЕНЗИИТЕ ЗА НЕРЕЗИДЕНТИ Пензионерите во

25/02/2026
Македонија

Дел од Кисела Вода без вода вечерва!

25/02/2026
Македонија

ВИДЕО Работник со багер срушил гробни места на гробиштата во

25/02/2026
Македонија

КОНЕЧНА ПРЕСУДА: ИРЛ И САШКА ЦВЕТКОВСКА ГО НАКЛЕВЕТИЛЕ КОЧО АНЃУШЕВ

25/02/2026
Македонија

Арбен Фетаи свикува итен состанок, очекува распуштање на сите структури:

25/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41948
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОНЧЕВО И СТАБИЛНО ДО КРАЈОТ НА СЕДМИЦАТА Температурите ќе достигнат 16 степени

25/02/2026

Времето во четврток, 26 февруари, ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а

И ВТОРАТА ЖЕНА ВО СЛУЧАЈОТ СТАРО НАГОРИЧАНЕ ПОЧИНАЛА ОД НАСИЛНА СМРТ Обдукцијата го потврди сомнежот

25/02/2026

Завршена е обдукцијата и на втората жена за која обвинителството минатата недела нареди ексхумација и обдукција, по убиството во Старо

Филипче: Граѓаните веќе немаат трпение – на младите не им се живее во Македонија!

25/02/2026

Граѓаните се презаситени и веќе немаат трпение, на младите веќе не им се живее во државата, нагласи претседателот на СДСМ,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy