Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Успешните компании на удар на државата
Економија

Успешните компании на удар на државата

25/09/2023

AA

И покрај негодувањата од бизнис здруженијата и економските
експерти, минатата недела во Собранието беше усвоен Предлог-законот за
Данокот на солидарност, кој не е дел од даночната реформа, туку станува збор за
еднократно решение кое се воведува во вонредни услови, во услови на криза. Покрај за овој закон, пратениците од парламентарното мнозинство гласаа и за
зголемување на ДДВ-то на стотици прехранбени производи, а дадоа и зелено светло
за измените во делот на данокот на добивка.

Законот за солидарност предвидува компаниите кои оствариле промет над 615 милиони денари
(10 милиони евра), а добивката им била
зголемена за 20 проценти во однос
на просекот од последните тригодини, да платат еднократен данок од 30 отсто. Засега не е наведена бројката на компании кои ќе подлежат на овој
данок, а според евиденцијата на Управата за јавни приходи, лани речиси
200 компании пријавиле приход поголем од 10 милиони евра и се очекува од нив во
буџетот со данокот на солидарност да се слеат 77 милиони евра.

Образложение на Владата за причините за носење на
еден ваков закон, е да се изврши корекција
на пазарната дисторзија и да се обезбеди редистрибуција на товарот на
негативните последици од кризата.
Но, во суштина со него се удри по единственото здраво ткиво во македонската
економија – оние малку успешни компании кои се најголеми и најредовни плаќачи
на даночните обврски, кои се во голем дел извозно ориентирани, кои
придонесуваат најмногу за нови вработувања и кои во суштина се двигател на
македоската економија. И што е особено важно, во голем дел се со странски
капитал.

Бизнис заедницата реагираше дека
законското решение ги казнува и дополнително ги оптоварува компаниите
кои важат за најголеми плаќачи на даноци и кои го полнат буџетот и дека мерката нема смисла
и во услови кога веќе нема високи цени на енергенсите.
Реагираше и Советот на странски инвеститори од каде беше посочено дека, доколку се донесе вакво законско решение, дел од
компаниите размислувале своите бизниси да ги лоцираат во соседството, каде
немало вакви или слични законски решенија.

Сојузот на стопанските комори на Македонија смета дека Законот за данокот за екстра оданочување, популистички наречен
данок на солидарност е погубен и деструктивен за бизнисот и за
стопанството во целата држава, и дека не постои пример во светот,
каде што се носи закон за ретроактивен период, закон кој условува, кој
демотивира и дестимулира.

За Законот, уште при најавата за солидарен
данок, а и сега пред и по неговото донесување, силно реагираше и Стопанската
комора на Северна Македонија. Според комората, законот е комплетно погрешно
ориентиран и само ќе ги оштети тие што веќе си ги исполнуваат даночните
обврски.

„Ваков закон се носи за најголемите плаќачи на данок
и тие што ја полнат државната каса. Со носењето на овој закон владата испраќа
порака дека плаќачите на данок треба двојно да плаќаат и се за сметка на
неплаќачите на данок, кои сега се посебно стимулирани. Негативните ефекти ќе се видат и во полето на
инвестиции, а македонската економија ја губи својата иднина, порачува Стопанска
комора, која најави и дека ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд за оспорување на Законот за
солидарен данок.

Со соопштение се огласи и Стопанската комора
на Северозападна Македонија (СКЗМ), која апелира до сите институции во земјата, спроведувањето на ваквите
одлуки и закони да не се прави без релевантна и детална анализа на пазарот,
бидејќи последиците од истите ќе бидат многу големи.

Негативни реакции за законот
пристигнаа и од опозицијата, која не учествуваше во неговото изгласување.

„Солидарниот
данок е новото економско промашување. Наместо да се бори против сивата
економија, владата со новиот данок ќе земе арач од лојалните фирми на државата,
кои си ги плаќаат редовно даноците, а со тоа дополнително ќе ја стимулира
сивата економија. Ваквата мерка не е солидарност туку арамилук. Со новиот данок, каде е предвидено двојно оданочување на компаниите, не се
опфатени компании, кои лани биле
основани. Токму минатата година беа основани фирми, кои се
занимаваат со продажба на струја и за краток период остварија милионски суми на
добивка, а јавноста многу добро знае чии роднини и пријатели на функционерите
од ДУИ и СДСМ ги
основаа овие фирми“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од најголемата опозициска партија соопштија и дека веднаш
по преземањето на власта, ќе го поништат овој
штетен закон за компаниите и државата.

Поради ваквите негативни
реакции, Законот првично беше повлечен од Собрание, за сега набрзина да биде
донесен по скратена постапка, со користење на европското знаменце, кое, според
бизнис заедницата, во овој случај е злоупотребено. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕМА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ ЗА ДА ИМА ФЕР УСЛОВИ ЗА ИЗБОРОТ НА

07/02/2026
Македонија

ЗОШТО ЗАЕВ ЛИЧНО СЕ РАСПРАШУВАЛ ЗА ЗАПЛЕНЕТАТА ДРОГА? Колкав ќар

07/02/2026
Македонија

ТОПОЛ ФЕВРУАРСКИ ДЕН, СО ТЕМПЕРАТУРА ДО 14 СТЕПЕНИ Следува заладување,

07/02/2026
Македонија

ДВАЈЦА ПРОФЕСИОНАЛНИ ВОЈНИЦИ ЗАБОЛЕНИ ОД ШУГА Биле на обука во

07/02/2026
Македонија

Внимавајте: На овој патен правец има магла

07/02/2026
Македонија

КУЧИЊА НАПАДНАЛЕ ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ ВО БИТОЛА Со тешки повреди е

07/02/2026
Македонија

СДСМ прашува: Кој дозволи 5 тони дрога да помине граница?

07/02/2026
Македонија

УКРАЛ 45.000 ЕВРА ОД ФИРМАТА КАДЕ РАБОТЕЛ Полицијата уапси 35-годишен

07/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41178
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕМА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ ЗА ДА ИМА ФЕР УСЛОВИ ЗА ИЗБОРОТ НА ИДНИОТ ЛИДЕР НА ВМРО-ДПМНЕ Новиот

07/02/2026

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски доби апсолутно мнозинство на Конгресот минатата година и легално и легитимно е во периодот што

ЗОШТО ЗАЕВ ЛИЧНО СЕ РАСПРАШУВАЛ ЗА ЗАПЛЕНЕТАТА ДРОГА? Колкав ќар очекувал експремиерот, Обвинителството да одговори

07/02/2026

Над две третини од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДСМ, соработник на Зоран Заев, рече

ТОПОЛ ФЕВРУАРСКИ ДЕН, СО ТЕМПЕРАТУРА ДО 14 СТЕПЕНИ Следува заладување, дожд и снег

07/02/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд, а

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy