Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Успехот на Банката се должи на успешноста на вработените
Економија

Успехот на Банката се должи на успешноста на вработените

04/01/2024

AA

Во Халкбанк e втемелена корпоративната филозофија дека
исклучиво мотивираните, исполнети и задоволни вработени го даваат својот
максимален придонес кон организацијата во која делуваат. Доказ дека ова толкување
е исправно, е брзиот а стабилен раст на банкарскиот пазар  на Халкбанк и постојаното подобрување на
резултатите од година во година. Токму затоа, банката постојано инвестира во
човечкиот капитал и во условите за работа, бидејќи успехот на банката се должи
на успешноста на вработените, вели Кристина Спироска, директор на Дирекција за
човечки ресурси, организација и обука во Халкбанк. Со неа зборуваме за важноста
на вработените и сето она што банката го вложува во својот тим што ја прави
Халкбанк да биде еден од најпосакуваните работодавачи на домашниот финансиски
пазар.

Халкбанк важи
за еден од најпосакуваните работодавачи на домашниот финансиски
пазар. На што се должи тоа?

СПИРОСКА: Делувањето во банкарскиот сектор претставува особено интересен предизвик но
она што би го истакнала како приоритетна причина за изборот за приклучување кон
нашиот тим е позитивната енергија која е присутна меѓу вработените на Халкбанк.
Ова го истакнувам бидејќи од енормна важност е позитивната работна средина и
мотивирачка околина на работното место како еден од главните фактори за
зголемување на продуктивноста во организационите единици, бидејќи пријателската
работна средина води кон подобра комуникација и соработка меѓу вработените,
следствено исто и остварувањето на заедничките цели и таргети. Тоа овозможува
поголема леснотија за реализација на планираните проекти со кои сите заедно го
јакнеме брендот на Халкбанк во земјава. Всушност, нашиот корпоративен
слоган  „Важни се луѓето“ е природно
инкорпориран и во политиките, принципите за работа и секојдневното делување во
Халкбанк АД Скопје.

Секако дека високите конкурентни лични примања и системот за наградување на
вработените на Халкбанк со покачување на платите и бонуси создаваат основа за
квалитетен живот и претставуваат причина повеќе за нивото на задоволство. Би истакнала дека
изминатата година започна со редовно покачување на платите на вработените за
14%, додека пак во 2022 година банката валоризирајќи го вложениот труд на
вработените и остварените деловни резултати, примени покачувања од 12%.Покрај претходно
споменатото, банката обезбедува и целосно приватно здравствено осигурување за
вработените и членовите на нивните семејства уште од првиот ден на
вработувањето, значаен износ на регрес за годишен одмор, годишни бонуси во
висина од две плати како депозити за зголемување на семејството на Халкбанк.

Она што причинуваше особено задоволство кај вработените во изминатиот
период беа нефинансиските бенефити, ритрит и тим билдинг активностите кои
овозможуваат време за колегите да излезат од рамките на своите секојдневни
работни задачи и да се поврзат на лично ниво. Ова креира појаки тимови,
зголемувајќи го нивото на доверба и соработка помеѓу вработените и самото
задоволство од работата.
Несомнено во долго
сеќавање ќе останат наградните патувања за најдобрите референти за банкарски
операции во вечниот град – Рим, наградното патување за најдобрите соработници
за кредитирање на население и корпоративни клиенти во Берлин, авантуристичките
активности на најуспешните колеги во Кападокија, можноста за дегустација и
забава на OktoberFest во Минхен, како и наградните патувања во колоритниот
Истанбул но и забавниот Lafayet Experience во
Белград….

Банката редовно и
традиционално учествува на банкарските спортски игри во Охрид каде што силно се
изразува спортскиот и тимскиот дух, а честа да се биде претставник на брендот
на спортските терени е престиж за секој вработен. Тоа е веќе прераснато во
традиција и одлична можност за дружење и подобро меѓусебно запознавање.

Банката истовремено
успешно ја спроведува и Стратегијата за кариерен развој на  кадарот односно само во текот на минатата
календарска година спроведени беа 112 поединечни
унапредувања, на нови – повисоки работни позиции преку инвестирање во нивните
знаења, лични вештини и on site обуки, применувајќи ги можностите за интерен
раст и личен развој на вработените сосема јасно и недвосмислено овозможувајќи
на секој вработен можност за достигнување повисоки-менаџерски позиции.

Преку квалитетен процес
на селекција, Халкбанк е во можност преку интерни промовирања да обезбеди околу
90% од потребите за повисоките позиции. Со тоа, градиме значителна приврзаност
кон брендот кој вработените кои го поминале тој пат од почетна до раководна
позиција ја чувствуваат банката на поинаков начин, но и од друга страна
претставуваат пример за околината дека вложениот труд и континуираното
надминување на резултатите не останува незабележано и ненаградено. Важно е да се напомене дека обезбедувањето на фер и објективен
процес за конкурсите за повисоки позиции, заедно со овозможените тренинзи и
поддршка на вработените за да им се помогне во нивните напори и амбиции за
напредување и развој, каде покрај здравиот тимски дух квалитетот и резултатите
на работа се единствените фактори.

СПИРОСКА: Во Халкбанк e втемелена
корпоративната филозофија дека исклучиво мотивираните, исполнети и задоволни
вработени го даваат својот максимален придонес кон организацијата во која
делуваат. Доказ дека оваа филозофија е исправна, е брзиот а стабилен раст на
банкарскиот пазар на Халкбанк и постојаното подобрување на резултатите од
година во година. Токму затоа, банката постојано инвестира во човечкиот капитал
и во условите за работа.

Корпоративната  култура и вградените вредности,  можностите за развој и инвестициите во
човечкиот капитал, беа главна причина зошто дел од најдобрите банкарски
експерти од банкарскиот сектор одлучија да продолжат да ја развиваат својата
кариера тука и да се приклучат на нашиот тим.

Би сакала да споделам
дека чувствувам гордост и задоволство и нескромно ќе истакнам дека стапката на
флуктуација на вработените во Халкбанк е на најниско ниво во банкарскиот сектор
што претставува и причина повеќе докажаните професионалци од банкарскиот сектор
да одлучат да нѝ се придружат во нашето корпоративно семејство.

Банката најавува план за
зголемување на бројот на вработени во 2024 година. Можете ли да ни дадете увид
во стратешката визија зад оваа експанзија и да ни наведете во кои сектори од
банката има потреба од нови вработувања?

СПИРОСКА: Стратегиската визија на Халканк за зголемување на  бројот на вработените во 2024 година се
фокусира на неколку значајни клучни апсекти: Отворање на нови филијали и
експозитури. Растот на мрежата на филијали и експозитури ќе создаде потреба за
дополнителен квалитетен кадар кој ќе обезбеди ефикасно и квалитетно опслужување
на клиентите на новите локации.

По основ на воведувањето на нови и иноватвни услуги и производи а со цел
зголемена конкурентност на пазарот, банката го проширува своето портфолио со
нови и иновативни финансиски производи и услуги што ќе предизвика потреба за
специфични вештини и стручности во тимот. Дополнително, со стратегијата за
зголемена автоматизација на различни процеси во банката нужно ќе биде и
доекипирање во областа на информатичките технологии, програмирање и управување
со податоци.

Банката се фокусира и постигнува високи резултати за врвно корисничко
искуство на клиентите,  така што бројот
на вработени не само што ќе се зголемува туку и се фокусираме на квалификациите
и вештините на вработените, особено во областа на опслужување на клиентите.

Како најбрзорастечка банка на македонскиот финансиски пазар, природно
следеше и растот на човечкиот капитал. Во 2011 година, откако брендот на
Халкбанк е присутен во Македонија, Халкбанк делуваше со 275 вработени, на петгодишнината
тимот достигна 461 вработен, во 2021 година кога прославувавме 10 годишнина
бевме 632 вработени, додека оваа успешна календарска година ја завршуваме со
800 вработени. Имено, изминатата година спроведен беше процес на селекција и он
бординг на 102 нови колеги.

Очекувано е во насока на остварување на долгорочната стратегија на банката,
бројот на вработените да расте пропорционално. Одржувањето на високо
квалификуван и компетентен персонал е врвен приоритет на банката и на
Дирекцијата за човечки ресурси.

Како Халкбанк инвестира во професионалното усовршување на
своите нови и сегашни вработени и дали ќе воведете одредени програми или
иницијативи кои што имаат за цел да го обезбедат целокупниот раст и успех на
организацијата?

СПИРОСКА: Во рамките на
Дирекцијата за човечки ресурси, организација и обука, дејствува посебен организационен
дел надлежен за континуираниот професионален развој на вработените  и како дел од развојната стратегија на
банката се стимулира спроведување на бројни активности организирајќи стручни и
таргетирани обуки, креирани врз основа на обемното искуство што го поседуваме
како дел од Групацијата Халкбанк и know-how експертизата.

Покрај интерните,
вработените се упатуваат на стручни и специјализирани надворешни обуки,
конференции, работилници, советувања и семинари со реномирани предавачи и
едукатори во насока на усовршување на стекнатите работни квалификации и вештини
локално и во странство, конкретно во текот на оваа минатата година реализирани
беа 220 интерни и екстерни
континуирани обуки.

Преку тренинзите,
конференциите и семинарите, се стимулира и поттикнува професионалниот развој,
но и можности за откривање на дополнителни таленти и афинитети во рамките на
банкарството, отворајќи нови перспективи, но и внатрешната промоција и развој
на раководни вештини постојано создава високо способни лидери кои придонесуваат
за постигнување на зададените цели на ниво на тим, и исто така, и на
компанијата како целина. Вниманието и грижата која ја покажува банката кон
вработените преку овие активности редовно резултира со зголемено задоволство и
лојалност.

Вашата банка постојано потенцира дека вработените се
најдобрите претставници на Халкбанк. Како овој пристап е интегриран во
целокупниот имиџ на брендот и репутацијата на банката?

СПИРОСКА: Во Халкбанк цврст е ставот
дека најголемата вредност на банката се нејзините вработени бидејќи тие се
нејзиното лице. Тие се бренд амбасадори на банката кои преку секојдневен
контакт со клиентите придонесуваат за нивно правилно запознавање со вредностите
на Банката и нејзините заложби.

Нашите професионалци од
секој домен се достапни за финансиска и советодавна поддршка за клиентите при
изборот на вистинските производи за нивните моментални потреби поддржувајќи ги
и излегувајќи им во пресрет за потребите кои ги имаат. Нивниот придонес и
нивното задоволство е најзначајно за нас, бидејќи тие се оние кои во сржта ја
разбираат нашата мисија, нашата стратегија и нашата методологија и кои на
најдобар начин можат да ја пренесат и да бидат позитивен пример за останатиот
дел од општественото делување.

Својот придонес кон
градење на брендот тие го даваат и преку активно учество во сите наши
општествено – одговорни практики. И тоа како за спроведување на интерни
практики, како оние за заштеда на електрична енергија или рециклирање на хартија,
така и од поголемите проекти како зелените иницијативи за засадување на дрвја,
спортски настани, каде е и нашата велосипедска трка Halk Velo Green, Halk Run, настаните
посветени на најмалите, културни и настани посветени на социјално загрозените
категории на луѓе. Вредности кои заеднички ги споделуваме сите.

Носители на овие
активности најчесто се најмладите членови на нашиот колектив. На тој начин
инвестираме не само во нивната професионална иднина, туку и во нивниот човечки
капацитет со цел да претставуваат пример во средината во која живеат и истакнат
член на општеството во кое живееме. Сметаме дека со градењето на доверба вон банката
со својот личен пример несомнено инвестираат во довербата на клиентите во
нашиот бренд.

Со зголемениот технолошки напредок, како Халкбанк
постигнува рамнотежа помеѓу користењето технолошки решенија и зачувувањето на
важноста на човечкиот капитал и работна сила во организацијата?

СПИРОСКА: Халкбанк е навистина горда на фактот дека е промотор на
воведување нови, модерни технологии во банкарскиот сектор, а сето тоа со цел на
клиентите да им се овозможи побрзо и поедноставно корисничко искуство со нашите
услуги. Банката своите деловни активности
сите овие години ги воспоставуваше согласно потребите на пазарот, ставајќи ги
луѓето во преден план. Препознатливоста во иновативниот дел се темели на навременото
согледување на трендовите на дигитализацијата кои што во секој случај беа во
корелација со усовршување на услугата каде што брзината и времето на извршување
е клучно за клиентот. Дигитализацијата се одвиваше пропорционално со
зголемување на квалитетот на нашите услуги и задоволството на клиентите. Ги
антиципираме нивните потреби и реагираме соодветно со понуда на нови услуги.

Меѓутоа, без оглед на
забрзаниот развој на технологијата и заземањето на се поголемо значење во
банкарскиот сектор, човечкиот фактор, односно вработените се важни пред сѐ затоа
што нивниот придонес и додадената вредност нѐ издвојува како банка и ништо не
може да ја замени искреноста на насмевката и достоинственото внимание кон друго
човечко битие. А токму тоа нашите клиенти го добиваат од нашите професионалци.

Заложбите на секој
вработен, но и како целина, посветеноста и свесноста за одговорностите што ги
има банката како кон општеството, така и кон секој клиент посебно, и секако
развиената корпоративна култура, го издигна тимот на Халкбанк на едно завидно
ниво – еден од најдобрите на пазарот во однос на понуда на услуги и исполнување
на барањата на клиентите.

И за крај како
Халкбанк ја третира разновидноста на работното место?

СПИРОСКА: Во Халкбанк токму мултикултурниот
аспект на нашиот колектив е гордост и една од вредностите на нашиот бренд.
Успешни тимови составени од вработени кои произлегуваат од различна културна позадина
и етникум го нагласуваат мултикултурализмот во банката. Овие тимови
произведуваат иновативни идеи и решенија. Низ годините инвестиравме и помагавме
во делот на едукација и програми за инклузија на сите групи во македонското
општество со што креиравме база на квалитетни кадри за понатамошна селекција и
регрутација.

Дополнително и тимовите во кои се вклучени вработени од
различни возрасни групи претставуваат извор на различни перспективи и искуства.
Менторството и размената на знаења помеѓу поискусните и помладите вработени
создава позитивна работна средина.

Постоењето на успешниот кариерен развој на колешките
именувани на високи работни и менаџерски позиции во Халкбанк е дополнителна
инспирација и за други жени да ги следат таквите позитивни примери.
Промовирањето на родовата рамнотежа се одразува позитивно во рамките на целата
организација. И што е најважно сите колеги се чувствуваат прифатено.

Настаните кои ги организираме овозможуваат интензивна
комуникација, меѓусебно дружење и почитување на различностите помеѓу сите
колеги а кои го сочинуваат македонскиот колорит, како уште една дополнителна
вредност која Халкбанк му ја дава на македонското општество.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАМЕСТО ДА ОБЈАСНИ ЗОШТО БИЛ КАЈ ЗАЕВ, ФИЛИПЧЕ ЗБОРУВАШЕ ДЕКА

13/02/2026
Македонија

ЗОШТО ДОЗВОЛИЛЕ ОДГЛЕДУВАЊЕ КАНАБИС НА ОТВОРЕНО? Филипче жестоко го брани

13/02/2026
Македонија

СО ТРЕНДАФИЛОВ НИ Е ЗАЕДНИЧКО САМО ТОА ШТО НÈ ПРАТАТ

12/02/2026
Македонија

НÈ ЧЕКА ВРНЕЖЛИВ ВИКЕНД И ЗАЛАДУВАЊЕ Продолжува променливото време

12/02/2026
Македонија

Касами: Сè додека Беса учествува во Владата како дел од

12/02/2026
Македонија

БЕСА ГО ОТВОРИ ПАТОТ ЗА СПОЈУВАЊЕ ВО ПАРТИЈА „ВРЕДИ“ Движењето

12/02/2026
Македонија

Година на странски туристи: Туризмот во Македонија со раст од

12/02/2026
Македонија

Дефект на водовод блокираше пат: Свлечиште го отсече селото Татар

12/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41397
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАМЕСТО ДА ОБЈАСНИ ЗОШТО БИЛ КАЈ ЗАЕВ, ФИЛИПЧЕ ЗБОРУВАШЕ ДЕКА ГО СЛЕДЕЛЕ Петрушевски има 3

13/02/2026

Наместо да објасни зошто по скандалот со запленетата марихуана заминал во Грција на „консултации” кај неговиот ментор Заев, лидерот на

ЗОШТО ДОЗВОЛИЛЕ ОДГЛЕДУВАЊЕ КАНАБИС НА ОТВОРЕНО? Филипче жестоко го брани менторот, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

13/02/2026

Лидерот на СДСМ Венко Филипче да каже зошто со неговиот претходник Зоран Заев дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно

СО ТРЕНДАФИЛОВ НИ Е ЗАЕДНИЧКО САМО ТОА ШТО НÈ ПРАТАТ СЛУЖБИТЕ Филипче има идеја како

12/02/2026

  Лидерот на СДСМ Венко Филипче во интервју за Канал 5 вели дека нема комуникација ниту координација со претседателот на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy