
УШТЕ ПОСИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ДЕНЕСКА ГО ПОГОДИ КРИТ: Тлото на островот беше погодено со 5,3 степени
Силен земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата
скала рано утринава го погоди грчкиот остров Крит.
Според податоците на ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот е
регистриран на 47 километри од Палајохора, односно 170 километри од главниот град Ираклион.
Земјотресот е забележан на длабочина од 31 километар, а
засега нема информации за материјална штета. Земјотресот бил почувствуван и во
Хања.
Инаку, ова е втор
силе земјотрес, откако вчера попладне на истото подрачје се случи земјотрес со јачина од 4,2 степени
според Рихтеровата скала.