
УШТЕ ЕДНА АЈКУЛА СЕ ПОЈАВИ ВО ГРЦИЈА: Дошла близу брегот, тристите во паника
Ајкулите се една од главните теми кога започнува сезоната на годишни одмори, а оваа година имавме вести кои не вознемирија.
По видеото од Хургада, сега ајкулата се појави и во Грција, на само 80 метри од брегот.
Ајкула е видена на друг остров во Грција. Островот Серифос на 80 метри од брегот“, стои во описот на видеото од ајкулата на Инстаграм кое е објавено на профилот „nikana.gr“.
„Можеби се плашиме и се тресеме кога знаеме дека постојат, но реално тоа е нивното природно живеалиште, всушност нивниот дом“, „Па, нормално е дека има… Исто како што живеат еж, волк и мечка во шумата, има ајкули во морето, па каде би живееле… Отсекогаш имало, се надевам дека ќе има“, се дел од коментарите кои го придружуваат ова видео.
Имаше и прашања „Од каде мигрираат во топлите мориња?
„Тие не мигрираат, туку следат големи бродови во Медитеранот, тоа се случува постојано“, објасни друг корисник на Инстаграм.
