Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 УПОЗ најавува протести во петок пред Собранието
Македонија

УПОЗ најавува протести во петок пред Собранието

19/11/2023

AA

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) најавува протест во петок пред Собранието затоа што тогаш, според информациите што ги имаат, пратениците ќе расправаат за Предлог-буџетот.

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски денеска на прес-конференција рече дека на протестот ќе бидат присутни вработените во судовите и обвинителствата, Државното и Народното правобранителство, а поканети се и сите останати синдикати кои се незадоволни.

-По овие нови информации кои ги добивме, мислам дека политиката, односно планот на Владата е во месец март кога ќе порасне минималната плата, такво усогласување да не добијат никој од вработените во јавен сектор. Во петокот дознавме уште една информација, дека тоа што е напишано во општиот колективен договор, односно на тоа што треба да се премине во 2025 година, а тоа е просечната плата како појдовна плата, да не се регулира со други колективни договори, туку Министерство за финансии инсистира да се направи тоа во закони, што би значело можно изигрување на сите вработени, да се направат закони без учество на синдикати, сами да си ги направат коефициентите на сложеност, што значи дека и тоа што е предвидено во општиот колективен договор да не стапи на сила како што треба од 2025 година, рече Деаноски.

На протестот во петок ќе се приклучат и вработените од Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), кои најавуваат штрајк, а доколку не се исполнат нивните барања, подготвени се на целосен прекин на работата.

– Вработените во Фондот за здравствено осигурување во Република Македонија имаат најниски плати од сите органи на државната управа. Над 50 проценти од нив, ниту со две плати не можат да ја достигнат минималната синдикална кошничка која сега изнесува 48,389 денари. Во споредба со останатите институции со кои ФЗО има сродна дејност, вработените во ФЗО имаат од 120 до 150 евра пониска плата за истото работно место, рече Деаноски.

Во однос на преговорите, тој информираше дека тие се водат веќе половина година со раководството на ФЗО за сите вработени да добијат 15 проценти зголемување на плата.,Иако им било ветено дека ќе го добијат покачувањето во август годинава, им биле исплатени само 2,5 проценти и им било кажано дека за останатиот дел немаат согласност од Министерството за финансии.

-Бидејќи висината на бодот за пресметка на плати ја носи Управниот одбор, бараме на следната седница на УО да се донесе одлука за зголемување на платите од 7,5 до 10 илјади денари во зависност од нивото кој вработените го извршуваат, рече Деаноски.

Доколку вработените не добијат усогласување на платите, како што посочи Деаноски, подготвени се да прекинат со прием и исплати на сите боледувања, рефундации, здравствено осигурување….

– Со тоа можно е сите државни институции, односно вработените да останат без здравствено осигурување, подвлече Деаноски.

Барањата на Синдикалната организација на ФЗО се усогласување на платите согласно платите на администрацијата во Клинички центар и клиничките болници, веднаш да се формира комисија за колективен договор и тој да биде донесен до крајот на годинава и да се смени директорот на секторот за финансиски прашања Миле Сугарев.

– Да се извести министерот за здравство дека не смее и не може да потпишува колективни договори со кои им се зголемува платата на администрацијата во јавно здравствените установи без истото да важи за вработените во ФЗО, веднаш и без одлагање да се постапи согласно одлуката на ССМ за назначување на член на управен одбор во ФЗО затоа што на сегашниот му е истечен мандатот од месец септември 2023 година, рече претседателот на синдикалната организација на ФЗОМ Бранко Аџигогов.

На прашањето кога и со каква иницијатива би почнале штрајкувачките активности доколку ги има, Аџигогов посочи дека од следниот петок ќе имаат штрајкувачка активност и информираше дека ќе протестираат пред Собранието затоа што тогаш најверојатно ќе се гледа распределбата на буџетот за ФЗО.

Според информациите на Синдикатот на УПОЗ, можно е никој од вработените во државната администрација да не го добие усогласувањето во март, а можно е и Општиот колективен договор за јавен сектор да не се имплементира како што е предвидено.

– По новите информации што ги добивме, мислам дека политиката, односно планот на Владата, е во март кога ќе порасне минималната плата, такво усогласување да не добијат никој од вработените во јавен сектор. Во петокот дознавме уште една информација, дека тоа што е напишано во Општиот колективен договор, односно на тоа што треба да се премине во 2025 година, а тоа е просечната плата како појдовна плата, да не се регулира со други колективни договори, туку Министерството за финансии инсистира да се направи тоа во закони, што би значело можно изигрување на сите вработени. Поточно да се направат закони без учество на синдикатите, односно сами да ги направат коефициентите на сложеност, што значи дека и тоа што е предвидено во Општиот колективен договор да не стапи на сила како што треба од 2025 година, рече Деаноски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од

12/04/2026
Македонија

РАЗОТКРИЕН СЛУЧАЈ СО БОРБИ СО КУЧИЊА ВО ТЕТОВСКО Нашле куче

12/04/2026
Македонија

Малолетник со нож повредил друг малолетник пред игротека во Шуто

12/04/2026
Македонија

ПЕТАР: Случајот со Ивана и Катја е аларм за длабока

12/04/2026
Македонија

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ТИКВЕШИЈАТА Пријавени напади од сопруг и од

12/04/2026
Македонија

Тројца мажи од Македонска Каменица приведени, пијани се испотепале во

12/04/2026
Македонија

Тракторист од Стиник тешко повреден при работа во пластеник во

12/04/2026
Македонија

СО МЕЃУСЕБНА ПОЧИТ ДА ЈА ГРАДИМЕ ДРЖАВАТА КАКВА ШТО ЈА

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42407
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од борби во Камењане

12/04/2026

На 11.04.2026 во 15:00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Камењане, во атарот на с. Камењане на местото викано „Бунариште“,

РАЗОТКРИЕН СЛУЧАЈ СО БОРБИ СО КУЧИЊА ВО ТЕТОВСКО Нашле куче во „голф“, уапсени тројца, па

12/04/2026

Маж од село Камењане е лишен од слобода поради сомнение за вмешаност во борби со кучиња. Претходно, на локалниот пат

Малолетник со нож повредил друг малолетник пред игротека во Шуто Оризари па се пријавил во

12/04/2026

На 12.04.2026 во 01:20 часот во Полициска станица Шуто Оризари, сам се пријави малолетник од Шуто Оризари, кој на 11.04.2026

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy