
Украина е прва, а Mакедонија е на петтото место на списокот на најсиромашни пазари во Европа
Се појави уште една листа на која нашата земја лошо котира. Mакедонија e на петтото место на рангирањето на најсиромашни пазари во Европа, a војната ја стави Украина на првото место.
Македонија со БДП по глава на жител од 6.608,08 долари e на петтото место на списокот на најсиромашни пазари на континентот, подготвен од германскиот економски портал Дервенстен, објави веб-страницата Косово онлајн.
На листата 10-те најсиромашни, Косово е рангирано како втор најсиромашен пазар во Европа за 2023 година, веднаш по Украина. Листата е направена врз основа на бруто домашниот производ (БДП) по глава на жител и според рангирањето Србија е на десеттото место со БДП од 10.360,72 долари по глава на жител.
И претходно, според Евростат, Македонија беше меѓу најсиромашните држави во Европа.
