Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 УДАР ПО ЏЕБОТ ЗА ОДБИВАЊЕ РАБОТНА ПОНУДА: Германија со радикални чекори кон оние кои не сакаат да работат
Економија

УДАР ПО ЏЕБОТ ЗА ОДБИВАЊЕ РАБОТНА ПОНУДА: Германија со радикални чекори кон оние кои не сакаат да работат

08/01/2024

AA

Потегот на германскиот министер за труд Хубертус Хајл (СПД)
привремено целосно да ја укине поддршката за граѓаните кои одбиваат да работат,
беше критикуван од дел од СПД и Зелените. Укинувањето на поддршката за
граѓански доход со примена на построги правила би влијаело на околу 300.000 луѓе.

Како што сега пишуваат германските медиуми, врз основа на
нацртот на новиот буџет на владата „Семафор-коалиција“со парична казна би можеле да бидат казнети
околу 150.000 луѓе. Министерот сака целосно да ја укине двомесечната субвенција
од 563 евра за корисниците на граѓански приходи кои ќе го одбијат понуденото
работно место.

Укинувањето на
придобивките може да влијае на 300.000 луѓе

Доколку не се примени максималната казна, туку привилегиите
би биле суспендирани „само“ на еден месец, со санкциите би можеле да бидат
погодени дури 300.000 луѓе.

Околу 5,6 милиони луѓе во Германија во моментов добиваат
социјални придобивки – граѓански приходи,
од кои 3,9 милиони се сметаат за способни.

Доколку одлуката на Хејл би стапила на сила, ќе бидат
засегнати скоро една четвртина (од 150.000) или осум проценти од сите приматели
на социјално осигурување.

ФОТО: EPA-EFE/HANNIBAL HANSCHKE


Државата ќе ги покрие
трошоците за домување

Хајл за
германските медиуми изјави дека
владата сака да ги затегне санкциите. Планира целосно да ги отфрли стандардните
придобивки до два месеци за оние кои одбиваат каква било понуда за работа. Во
тој случај, државата ќе продолжи да ги покрива трошоците за домување, така што
погодените не стануваат бездомници.

Кој ги отфрла сите
понуди, ќе мора да се соочи со последиците

Некои политичари ги критикуваат одлуките на германскиот
министер за труд, нагласувајќи дека
е неприфатливо луѓето да немаат средства за егзистенција повеќе од два
месеци.

Но, според Хајл „мала
група не може да го доведе целиот систем во непочитување“. Тој истакна
дека „огромното мнозинство“ на корисници на компензација соработуваат
конструктивно. Сепак, оние што не се согласуваат и ги отфрлаат сите понуди за
работа, ќе треба да се соочат со потешки последици, рече министерот.

ФОТО: EPA-EFE/FILIP SINGER

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НИЕДНА ЗЕМЈА НЕМА БЕСКОНЕЧНО ДА ЧУВА БЕГАЛЕЦ КОЈ Е НА

24/02/2026
Македонија

АРТАН ГРУБИ ЌЕ ОДИ ВО КУЌЕН ПРИТВОР Според Обвинителството, ќе

24/02/2026
Македонија

АРТАН ГРУБИ СИ ОТИДЕ ДОМА Судот му определи куќен притвор,

24/02/2026
Македонија

ЌЕ ДУВА ВЕТЕР СЕКОЈ ДЕН ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАТА Следува

23/02/2026
Македонија

ВИДЕО 83-годишна кумановка преживеала напад од осомничениот сериски убиец: „Додека

23/02/2026
Македонија

ЗОШТО ВРХУШКАТА НА СДСМ СЕ РАСПРАШУВАШЕ ШТО КАЖАЛ ГРУБИ ВО

23/02/2026
Македонија

ЈСП воведува онлајн надополнување на картичките за превоз

23/02/2026
Македонија

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е

23/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41837
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НИЕДНА ЗЕМЈА НЕМА БЕСКОНЕЧНО ДА ЧУВА БЕГАЛЕЦ КОЈ Е НА ЦРНАТА ЛИСТА НА САД Груби

24/02/2026

Во Собранието на Македонија немало никаква информација за предавањето на осомничениот бегалец Артан Груби од ДУИ, поранешен вицепремиер, осомничен за

АРТАН ГРУБИ ЌЕ ОДИ ВО КУЌЕН ПРИТВОР Според Обвинителството, ќе бил небезбеден во затворот во

24/02/2026

Поранешниот вицепремиер Артан Груби доби мерка куќен притвор, откако одбраната побара ваква мерка, а Обвинителството се согласи со предлогот. Според

АРТАН ГРУБИ СИ ОТИДЕ ДОМА Судот му определи куќен притвор, на барање на Обвинителството

24/02/2026

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, по произнесување на осомничениот Артан Груби, кој вечерва беше спроведен во

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy