
Убиецот од Младеновац, татко му и вујко му не можат да располагаат со својот имот
На масовниот убиец од Младеновац и на неговиот татко им е забрането да располагаат со својот имот.
Судијата на претходна постапка на Вишиот суд во Смедерево донесе решенија со кои на осомничениот Урош Блажиќ, неговиот татко Радиша Блажиќ и вујко Горан Гавриловиќ им се забранува да располагаат со својот имот. Станува збор за автомобили и средства од банкарски сметки.
Како што велат адвокатите на оштетеното семејство Паниќ од Дубона, Иван Милосављевиќ и Милош Муниќ, тоа е направено бидејќи осомничените се под истрага, за да се елиминира отуѓување и прикривање на имот и да се избегне имотна одговорност кон оштетените.
