Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Убиецот од Гевгелија ја оштетил терасата на убиените – 40 години не разговарале
Магазин

Убиецот од Гевгелија ја оштетил терасата на убиените – 40 години не разговарале

25/09/2023

AA

Oсновното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои сомнение дека сторил две кривични дела  – Убиство од член 123 од Кривичниот законик. 

Како што соопшти попладнево Јавното обвинителство, осомничениот 69-годишник вчера со умисла ги лишил од живот сопствениот брат и неговата сопруга, со кои живееле во иста семејна куќа со различни влезови. Кога ги забележал оштетените како се паркираат со нивното возило пред дворот на куќата, наведува ЈО; осомничениот излегол во дворот, држејќи ја во рацете приватната тужба поднесена против него од починатите за кривично дело – Оштетување туѓи предмети.

-Двајцата браќа имале нарушени меѓусебни односи и не разговарале повеќе од 40 години, но починатите тужбата ја поднеле неодамна, бидејќи осомничениот, ставајќи олуци на куќата, скршил плочки и ја оштетил оградата од нивната тераса. Кога им забележал за поднесената тужба, тие не сакале да разговараат со него, па осомничениот влегол дома и го зел пиштолот марка „Црвена застава“, со калибар 7,62 милиметри кој го поседувал со дозвола. Потоа испукал повеќе куршуми кон братот и снаата, кои од здобиените повреди тие починале на самото место, стои во соопштението.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЦИКЛОН И ЈУЖНО СТРУЕЊЕ НОСАТ ДОЖД И ТОПЛО ВРЕМЕ На

10/02/2026
Македонија

📷 ВМРО-ДПМНЕ ИЗБРА НОВИ ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА ПАРТИСКИ КОМИСИИ Клековски, Тошковски

10/02/2026
Македонија

СТУДЕНТСКИ МАКИ ВО ОХРИД: Студентскиот дом „Никола Карев“ веќе 12

09/02/2026
Македонија

ЌЕ ДУВА ЈУГОИСТОЧЕН ВЕТЕР Дождот ќе преминува во снег на

09/02/2026
Македонија

УСТАВОТ НЕ СЕ ТОЛКУВА ПО ЛИЧНА ПРОЦЕНКА ИЛИ ВПЕЧАТОК Филков

09/02/2026
Македонија

ПРАВО Е НА СИНДИКАТИТЕ ДА ПРОТЕСТИРААТ Владата веќе склучи историски

09/02/2026
Македонија

„Го слушаме гласот на членството“: Мицкоски најави големи кадровски промени

09/02/2026
Македонија

МАЈКА ТЕРЕЗА СТАНУВА ЗАШТИТНИЧКА НА КАЛКУТА: Архиепископијата ѝ оддава чест

09/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41262
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЦИКЛОН И ЈУЖНО СТРУЕЊЕ НОСАТ ДОЖД И ТОПЛО ВРЕМЕ На крајот на неделата ќе има

10/02/2026

Под влијание на серија влажни воздушни бранови од запад кои ќе бидат поврзани со длабоката циклонска активност со центар над

📷 ВМРО-ДПМНЕ ИЗБРА НОВИ ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА ПАРТИСКИ КОМИСИИ Клековски, Тошковски и Перински добија клучни улоги

10/02/2026

Новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва на редоцна седница избра повеќе претседатели на партиски комисии, при што за претседател на

СТУДЕНТСКИ МАКИ ВО ОХРИД: Студентскиот дом „Никола Карев“ веќе 12 часа без струја

09/02/2026

Студентите сместени во државниот студентски дом „Никола Карев“ во Охрид веќе повеќе од 12 часа се оставени во информативен и

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy