Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 УАПСЕН ДИРЕКТОРОТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ПОДДРШКА НА ЗЕМЈОДЕЛСТВО ЗА ЗЕМАЊЕ МИТО Илија Стоилев е фатен на дело со помош на обележани банкноти
Македонија

УАПСЕН ДИРЕКТОРОТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ПОДДРШКА НА ЗЕМЈОДЕЛСТВО ЗА ЗЕМАЊЕ МИТО Илија Стоилев е фатен на дело со помош на обележани банкноти

07/11/2025

AA

Илија Стоилев, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, е уапсен денеска под сомнение за земање мито, во акција што ја водеше Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) – дознава Плусинфо од извори блиски на истрагата.

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и единиците на МВР денеска вршеа претреси на повеќе локации низ земјава поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа.

Во Агенцијата за финансика поддршка во земјоделството и руралниот развој попладнево беа влезени тимови на Управата за финансиска полиција, екипи на МВР како и истражители, дознава Плусинфо.

Неофицијално, се работи за акција по пријава за земено мито од страна на директорот Стоилев од апликант, за да му се додели договор за финансиска поддршка преку програмата ИПАРД.

Како што дознаваме, барањето за мито апликантот го пријавил во МВР, по што му биле дадени обележани банкноти, со чија помош директорот е фатен „ин флагранте“ при земањето на митото.

Апликантот, кој го пријавил случајот и учестувал во фаќањето на корумпираниот функционер, е поранешен министер во Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Илија Стоилев, роден 1967 година во Свети Николе, е именуван на функцијата директор на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во јули 2024 година.

По образование е дипломиран земјоделски инжинер, отсек сточарство, а работел како наставник по стручни предмети од областа на земјоделство и ветеринарство во СОУ Кочо Рацин – Свети Николе, а потоа бил професор на Земјоделски Факултет УКИМ Скопје.

Како политички активен, Илија Стоилев бил претседател на Совет на Општина Свети Николе во два мандата, директор на Народен музеј – Свети Николе, раководител во подрачна единица на Министерството за земјоделство, како и претседател на Комисија за воведување/предавање на владение на договори за закуп на земјоделско земјиште.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026
Македонија

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди

26/07/2026
Македонија

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026
Македонија

„И Здравје и Работа“: Доста е од дезинформации – време

26/07/2026
Македонија

Пронајдени човечки останки кај македонско-албанската граница

26/07/2026
Македонија

Мицкоски: Скопје памети, Македонија не заборава – вечен спомен за

26/07/2026
Македонија

Приведени осум лица – при преглед кај нив е пронајдена

26/07/2026
Македонија

Хорор во скопско село: Ја фатил мајка си низ прозорецот

26/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44677
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изрази сериозна загриженост поради последните инциденти со дронови во Романија и

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди своето прво дете

26/07/2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р Органџиски“ успешно била реализирана сложена

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026

Стотици жители на Гостивар побарале лекарска помош поради стомачни тегоби неколку дена пред надлежните официјално да прогласат епидемија, покажуваат податоците

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy