Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 УЈП: Регистрирана првата странска компанија за целите на ДДВ преку даночен застапник
Економија

УЈП: Регистрирана првата странска компанија за целите на ДДВ преку даночен застапник

05/07/2024

AA

Управата за јавни приходи(УЈП) денес преку даночен застапник ја регистрира првата странска компанија која нема свое седиште, подружница или претставништо, а врши промет на добра и услуги кои се предмет на оданочување со ДДВ во земјата.

Во согласност со последните  измени на Законот за данок на додадена вредност, странските лица кои имаат обврска да се регистрираат за цели на ДДВ во земјата, се обврзани да назначат даночен застапник.

Овој даночен застапник ќе биде овластен застапник пред даночниот орган и во име и сметка на странската компанија  ќе го пресметува данокот, ќе поднесува даночна пријава, ќе го плаќа данокот односно камата во случај на задоцнето плаќање на данокот и ќе води сметководствена евиденција. Согласно Законот за ДДВ, даночниот застапник исто така солидарно ќе гарантира за данокот на додадена вредност кој го должи странското лице регистрирано за цели на ДДВ.

Во оваа насока беше и состанокот кој Директорката на Управата за јавни приходи,  Елена Петрова, го одржа вчера (04 јули ) со потенцијални даночни застапници на тема имплементација на членот 9-б од Законот за данокот на додадена вредност (даночен застапник за целите на данокот на додадена вредност).

Директорката и потенцијалните даночни застапници  заедно со претставници од Управата за јавни приходи и Министерството за финансии разговараа за отворените прашања и за административните чекори во регистрирањето странски лица како ДДВ обврзници и исполнување на нивните обврски за плаќање ДДВ во земјата.  Директорката Петрова укажа дека Управата за јавни приходи ќе обезбеди непречено одвивање на процесот на регистрирање  и оптимизирање на истиот со цел обезбедување на правна сигурност како за странските лица така и за даночните застапници во земјата.

На овој начин како што појасни Петрова, ќе се превенираат потенцијални случаи на даночни прекршоци, правилно спроведување нa законите и регулативите, што пак од друга страна ќе резултираат со подобро управување на фискалните ресурси, создавање на фер третман на сите учесници на пазарот.

На состанокот сите се согласија дека е најважно што побргу да започне регистрацијата и собирањето на ДДВ од странските лица кои вршат промет на добра и услуги во земјата, бидејќи со истото се обезбедува и правичност кон домашните даночни обврзници, како и полнење на буџетот со дополнителни приходи од ДДВ. Во оваа насока, УЈП во следните неколку денови ќе започне со комуникација со странските даночни обврзници кои вршат промет во земјата и треба да се регистрираат за ДДВ преку даночни застапници.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
Македонија

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па

15/08/2026
Македонија

Четворица приведени во Шуто Оризари: Насилно ѝ дале марихуана на

15/08/2026
Македонија

Во понеделник почесна стрелба за Денот на Армијата

15/08/2026
Македонија

Ренџерите на Пелистер и СВР Битола лоцираа и приведоа вооружени

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45036
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026

Потврдени се три нови случаи на западнонилска треска, со што вкупниот број се искачи на 34, соопштија од Центарот за

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во западниот дел на Македонија, во поширокиот регион

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал на медицинарите

15/08/2026

Педесет и петгодишен жител на селото Уларци, општина Чешиново-Облешево, е пријавен во полиција откако, според пријавеното, злоупотребил повик до Итната

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy