Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТВ24 по втор пат одбиена за национална терестријална лиценца за емитување – „телевизиите во Македонија се еднолични“
Македонија

ТВ24 по втор пат одбиена за национална терестријална лиценца за емитување – „телевизиите во Македонија се еднолични“

26/10/2023

AA

Телевизиите во Македонија се еднолични и од општ формат, а публиката бара детска програма, образовна програма, квалитетни играни серии и спорт, е заклучокот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) по направена студија за доделување на уште една терестријална лиценца на телевизија на цела територија на Македонија.

„Од тука произлегува дека не постои оправданост за општ формат, би ја дуплирале понудата, а бројот на медиуми дополнително би се зголемил“, образложи Магдалена Давидовска Довлева од АВМУ.

На пазарот има голем број на медиуми, а влошена е состојбата во однос на финаниската одржливост.

„Влошена е состојбата во однос на финансиската одржиливост на медиумите во Македонија. Ова е констатирано од спроедената Анализа за потребата од доделување на дозвола за емитување терестријално на уште една телевизија“, додаде Давидовска Довлева.

Денеска ТВ24 беше по втор пат одбиена за добивање на дозвола за емитување терестријално на територија на цела Македонија. По првата одлука ТВ24 се жалеше до Управниот суд кој одличи Агенцијата повторно да го разгледува нивното барање.

„Согласно наодите од студијата нема оправданост да се распише конкурс“, изјави директорот на АВМУ Зоран Трајчевски.

Членовите на Агенцијата коментираа дека за да се види економската состојба на Македонија и не треба да се изработува студија, туку доволно е да се оди во продавница и да се направи разлика од пред неколку години и сега.

„Има проблем со медиумите и гледаме дека по неколку на годишно ниво има кои се откажуваат. Тоа е поради економски причини“, рече еден од членовите на Советот.

Советот на Агенција со 5 гласа за и еден воздржан одби да распише нов оглас за телевизија која би добила лиценца за емитување на цела територија на Македонија преку неограничен ресурс на терестријален мултиплекс.

Препорака од Агенцијата е да се промени форматот на телевизијата која сака да добие лиценца за емитување на терестријално преку мултиплекс на територија на цела Македонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy