Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тутунските компании одлучни во целта да се подобри јавното здравје со инвестиции во помалку штетни никотински алтернативи
Македонија

Тутунските компании одлучни во целта да се подобри јавното здравје со инвестиции во помалку штетни никотински алтернативи

14/10/2025

AA

Темата за намалувањето на штетните последици од користењето на тутунот на исто место ги собра претставниците од индустријата, здравствените работници, научниците, истражувачите и законодавците.

На „Глобалниот форум за тутун и никотин“ (GTNF-Global Tobacco and Nicotine Forum), кој минатата недела се одржа во Брисел, беа разменети мислења околу тоа како да се постигнат целите за подобро јавно здравје на светско ниво, како да се намали бројот на пушачи и какви средства да преземат лидерите во тутунската индустрија во оваа насока. Дел од присутните се согласија за идејата да се популаризира стратегијата за намалување на штетноста на тутунот, која предвидува на корисниците на цигарите да им се понудат алтернативните никотински производи со намален ризик по здравјето. Кај говорниците, Шведска беше посочена како позитивен пример, како земја во која е пораснат бројот на корисници на никотински ќесички и снус*, а стапката на пушење е енормно намалена на само 5,3%. Овој процент не е ниту четвртина од просекот во рамки на Европската Унија. 

И покрај долготрајните кампањи за јавното здравје, околу една милијарда луѓе глобално сè уште пушат. Претставниците на дел од компаниите на Форумот истакнаа дека откажувањето од запалив тутун е најдоброто нешто што секој пушач може да го направи, но за оние кои би продолжиле да користат никотин, тие нудат научно поткрепени алтернативи кои се потенцијално помалку штетни по здравјето** – стратегија која функционира во Шведска.

Па оттаму, она што пред некоја деценија не можеше да се замисли, сега станува факт. Самите компании од тутунската индустрија би можеле да бидат клучната поддршка за властите ширум светот, за тие да ги надминат предизвиците во јавното здравје. Особено со оглед на фактите кои произлегуваат од истражувањата во Шведска, ракот на бели дробови кај мажите е намален за 61%, за 40% е пониска стапката на болести предизвикани од пушењето, а смртноста како последица на пушењето е меѓу најниските во светот.

Според присутните, шведскиот успех не е случаен, туку е резултат на свесноста, достапноста на алтернативите и прогресивното законодавство. Шведските потрошувачи се информирани за алтернативите, а производите како што се снус и никотинските ќесички* се широко достапни, што е овозможено од страна на законодавците. Еден од клучните говорници на Форумот беше доктор Тики Панг, поранешен висок претставник на Светската здравствена организација (СЗО), кој истакна дека науката веќе ги дала алатките за тоа како да се намали штетноста од тутунот и ги коментираше стриктните законските решенија насочени кон алтернативните никотински производи.

„Треба да го надминеме сфаќањето дека индустријата е причина за проблемот, а не дел од решението. Патот кон свет кој е пријателски настроен за стратегијата за намалување на штетноста од тутунот е „долг пат со многу пречки“ и предупредувам дека неодамнешните регулативи во ЕУ кои се спротивни на ваквата стратегија може да имаат глобални последици“, истакна д-р. Панг, поранешен директор за истражувачки политики и соработка во СЗО.

Негови колеги на Форумот нагласија дека патот кон свет без пушачи не се темели на забраните, туку на никотинските алтернативи кои ги нуди науката. Од друга страна, претставници од тутунската индустрија потенцираа дека пред две децении нив единствен производ биле цигарите, но сега, во Шведска дури 80% од нивните приходи припаѓаат на т.н. „производи без чад“, како што се никотинските ќесички и останатите.

„Оваа трансформација не се случи преку ноќ. Потребни беа инвестиции, иновации и подготвеност да го предизвикаме она што ни беше оставено во наследство. Но, исто така, беше потребна верба – верба дека можеме да бидеме дел од решението. Таа верба сега е клучна во нашата глобална амбиција: да генерираме повеќе од 50% од нашите приходи од производи без чад до 2035 година“, изјави Кингсли Витон, кој е Главен корпоративен директор во компанија која е гигант во индустријата.

Тој нагласи дека скептицизмот во врска со стратегијата за намалување на штетноста од тутунот е разбирлива, но, како што додаде, доказите во нивна полза се зголемуваат. Исто така, беше споделено дека Нов Зеланд и Велика Британија следат слични патеки како Шведска, прифаќајќи ги производите како што се на пример електронските цигари уште наречени „вејп“, како озаконети и регулирани алтернативи за пушачите. Дел од присутните на овогодишниот Глобален тутунски и никотински форум, ја покренаа дилемата дали можеби најефикасниот начин да се стави крај на пушењето не е обидот целосно да се згасне никотинот, туку тој да се преобликува.

„Глобалниот форум за тутун и никотин“ е светска водечка годишна конференција посветена на иднината на тутунската и никотинската индустрија.

* Снус е производ со тутун за орална употреба (кој традиционално се користи во Шведска), додека никотинските кесички се производи кои не содржат тутун, содржат и се помалку штетни** никотински производи во споредба со традиционалните цигари. Овие производи не се безопасни и содржат никотин, состојка што предизвикува зависност.

** Врз основа на тежината на доказите и претпоставка за целосно префрлување од пушењето цигари. Овие производи не се безопасни и предизвикуваат зависност.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЕСЕНТА ЌЕ ПОЧНЕ КАКО ШТО Ѝ ДОЛИКУВА Наутро студено, до

19/09/2026
Македонија

ЗНАМ ПРОМОВИРАШЕ ПУБЛИКАЦИЈА СО ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО Нека го читаат,

19/09/2026
Македонија

ОБВИНЕНИЕ ЗА 6 ЛИЦА ЗА ИЗДАВАЊЕ ЛАЖНИ ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ ЗА

19/09/2026
Македонија

ЗНАМ ОЧЕКУВА УШТЕ ЕДЕН ЗАМЕНИК-МИНИСТЕР Во игра се неколку ресори,

19/09/2026
Македонија

ХУМАНОСТА КАКО ТРАДИЦИЈА • „АЛКАЛОИД“ СО НОВА ДОНАЦИЈА ЗА ЗДРАВЈЕТО

19/09/2026
Македонија

УАПСЕН 26-ГОДИШЕН МАНИЈАК ОД ВЕЛЕС Полицијата му го претресе домот

19/09/2026
Македонија

ПРЕГАЗЕН ПЕШАК НА СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА Млада возачка удрила во 63-годишен

19/09/2026
Македонија

ИСТЕЧЕ ПЛИН ОД БЕНЗИНСКА МЕЃУ ОХРИД И СТРУГА Дефектот е

19/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45683
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЕСЕНТА ЌЕ ПОЧНЕ КАКО ШТО Ѝ ДОЛИКУВА Наутро студено, до пладне сончево, попладне дождливо

19/09/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Попладне ќе има повремени

ЗНАМ ПРОМОВИРАШЕ ПУБЛИКАЦИЈА СО ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО Нека го читаат, нека го критикуваат, нека кажат

19/09/2026

Движењето ЗНАМ денеска ја претстави публикацијата со отчет за работата на избраните и именуваните функционери од партијата во изминатите две

ОБВИНЕНИЕ ЗА 6 ЛИЦА ЗА ИЗДАВАЊЕ ЛАЖНИ ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ ЗА АВТОБУСИ И ЗА КАМИОНИ Под

19/09/2026

Јавен обвинител од ОJO Скопје поднесе oбвинителен предлог против 6 лица за продолжени кривични дела Фалсификување исправа, од член 378

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy