
TУРИЗАМ ВО ХРВАТСКА: Koлку пари заработиле од странците во првите шест месеци?
Странските туристи оставиле повеќе од 4 милијарди евра во Хрватска во првите шест месеци.
Според податоците на Хрватската народна банка (ЦНБ), приходите од странски туристи во првото полугодие изнесуваат 4,13 милијарди евра, што е за 7,5 отсто или за 288,3 милиони евра повеќе во споредба со истиот период во 2023 година. Податоците ги објави Министерството за туризам и спорт.
Во вториот квартал приходите од странски туристи изнесуваат 3,32 милијарди евра, што претставува раст од 4,36 отсто во однос на истиот период од 2023 година, односно за 138,6 милиони евра повеќе.
Хрватска како и многу други земји значително зависи од приходите од туризмот.
foto freepik.com

