Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Туфегџиќ: Јасно му е на Јавното обвинителство дека аргументи и докази против Александар нема
Македонија

Туфегџиќ: Јасно му е на Јавното обвинителство дека аргументи и докази против Александар нема

07/04/2025

AA

Бранител на Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ, изјави дека исказот на неговиот клиент е јасен и искрен, одразувајќи реално учество во настаните. Според адвокатот, исказот на Ѓорчевски успеал да го долови неоснованото обвинение против него, а истовремено допрел и до застапникот на обвинението.

-Фактички, сметаме дека со ова успеа на некој начин да му долови на судот во што се состои неоснованото обвинение во него. Мислам дека и неговиот исказ прилично јасно допре и до застапникот на Обвинението, за кој ние немаме ништо против. Очекуваме и вкрстени прашања, меѓутоа денеска Александар исцрпно ја кажа до детаљ суштината, рече Туфегџиќ.

Туфегџиќ изрази уверување дека јавниот обвинител нема да се предаде лесно, но нагласи дека аргументи и докази против Александар не постојат.

-Јас лично не очекувам дека јавниот обвинител, односно застапник на обвинението туку така едноставно ќе се предаде. Јасно му е на јавното обвинителство дека аргументи и докази против Александар нема. Она на што тие одат дека се аргументи и докази, не можат да бидат докази и аргументи во кривична постапка. Реален доказ против Александар не е изведен. Оставам на совеста на Јавното обвинителство понатаму како ќе одлучи, а секако конечната одлука ќе ја има судот, дополни тој.

Тој истакна дека Ѓорчевски дал јасен опис на постапките на полициските службеници, потврдувајќи го недостатокот на унифицирани стандарди за постапување во вакви случаи.

Адвокатот Туфегџиќ ја нагласи тортурата вршена врз неговиот клиент, истакнувајќи дека Александар бил воздржан во своите изјави. Нагласи дека исказот даден денеска е скратена верзија, додека поопширната е доставена до Јавното обвинителство, но суштината останува иста.

Александар Ѓорчевски, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје рече дека нема апсолутно никаква инволвираност и дека ниту ги познава, ниту може да ги гледа обвинетите во случајот за убиствата на неговата ќерка Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Одговарајќи на прашања од неговиот бранител, адвокат Владимир Туфегџиќ, Ѓорчевски денеска исцрпно и детално го опиша својот живот, односот со неговото семејство, моментите кога исчезнала Вања и односот со полицијата во текот на истрагата.

Судењето продолжува во петок со вкрстени прашања од обвинителството. По сведочењето на Ѓорчевски е предвидено да сведочи и обвинетиот Љупчо Палевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АВТОМОБИЛ УДРИ 73-ГОДИШНА ЖЕНА НА ВЕЛОСИПЕД Пренесена е во болница

13/11/2026
Македонија

ДА СЕ ЗАБРАНИ „ЏАНК“ ХРАНА ВО УЧИЛИШТАТА, ДА СЕ ОДАНОЧАТ

13/11/2026
Македонија

„ДАЛИ ЗНАЕТЕ КАКО СЕ ЕВИДЕНТИРА КРИВИЧНО ДЕЛО? СО ТЕФТЕР!“ Тошковски

13/11/2026
Македонија

ТРАКТОР СЕ ОТКОЧИЛ И ГО ПРЕГАЗИЛ СОПСТВЕНИКОТ Трагедија на бензинска

13/11/2026
Македонија

НЕ ПОСТОИ ТАКОВ ПРАВОСУДЕН ИСПИТ КОЈШТО ВО ЦЕЛОСТ СЕ ПОЛАГА

13/11/2026
Македонија

СЕ ОБИДЕЛЕ ДА ПРЕГАЗАТ ПОЛИЦАЈЦИ ПРИ ПРЕТРЕС ЗА ДРОГА Им

13/11/2026
Македонија

ИЗВРШНИОТ КОМИТЕТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ИМА ТЕРЕНСКИ АКТИВНОСТИ Мицкоски разговарал

13/11/2026
Македонија

АЛТА БАНКА НЕМАЛА ЗАБРАНА ЗА РАБОТА ВО ЕУ Од ВМРО-ДПМНЕ

13/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46759
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АВТОМОБИЛ УДРИ 73-ГОДИШНА ЖЕНА НА ВЕЛОСИПЕД Пренесена е во болница со тешки повреди

13/11/2026

Во СВР Охрид вчера е пријавено дека на сервисна улица во поранешниот комплекс „ОТЕКС“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко

ДА СЕ ЗАБРАНИ „ЏАНК“ ХРАНА ВО УЧИЛИШТАТА, ДА СЕ ОДАНОЧАТ ЗАШЕЌЕРЕНИТЕ ПИЈАЛАЦИ… Министерот Клековски повикува

13/11/2026

Во пресрет на 14 Ноември, Светскиот ден на дијабетесот, министерот за здравство Сашо Клековски денеска, заедно со директорот на Универзитетската

„ДАЛИ ЗНАЕТЕ КАКО СЕ ЕВИДЕНТИРА КРИВИЧНО ДЕЛО? СО ТЕФТЕР!“ Тошковски најави дигитализација на МВР во

13/11/2026

Како изгледа пријавувањето на еден кривичноправен настан во полициска станица во 2026 година? Според објаснувањето на министерот за внатрешни работи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy