Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Трилер во „Македонијатурист“! Му заби ли нож во грб Соња Бибановска на Доне Таневски?
Економија

Трилер во „Македонијатурист“! Му заби ли нож во грб Соња Бибановска на Доне Таневски?

30/10/2024

AA

Неофицијално дознаваме дека Соња Бибановска, долгогодишна бизнис партнерска на Доне Таневски водела тајни преговори и одлучила да ги продаде сите нејзини акции во најголемата хотелиерска компанија „Македонијатурист“. Доколку се случи ова Доне Таневски ќе остане безгласна буква во одлучувањето со компанијата, а потегот на Бибановска воедно ќе ја девалвира и вредноста на неговите 23,4 отсто акции во компанијата

Соња Бибановска, долгогодишна директорка во „Македонијатурист“ и блиска соработничка на Доне Таневски, претседателот на управата на најголемата хотелиерска компанија, денеска ќе ги продаде сите свои акции (над 50.000) во „Македонијатурист“, дознава „Фактор“ од брокерската заедница.

Станува збор за системска блок трансакција со која Бибановска ќе продаде 11,27 отсто од акциите во „Македонијатурист“ по цена од 11.080 денари за акција. Дали со овој потег на Бибановска му забива нож во грб на својот долгогодишен бизнис партнер Доне Таневски, кој во последните 35 години ја води најголемата македонска хотелиерска компанија?

Акциите, како што дознаваме, ќе ги купат домашни бизнисмени, кои одреден период наназад купуваат акции во „Македонијатурист“ и веќе контролираат над 20 отсто од сите права на глас во таа голема компанија.

Уште поинтригантно е тоа што се шпекулира дека Бибановска всушност во последен момент се предомислила и договорила продажба на акциите без да му соопшти на Таневски.

Сега Таневски е соочен со ризикот во „Македонијатурист“ да има друг најголеми поединечен акционер и Доне Таневски да стане „безгласна буква“ во одлучувањето со најголемата хотелиерска компанија во земајава.

Како на ова ќе одговори Таневски кој важи за долгогодишен успешен бизнисмен допрва ќе видиме. И дали ќе се помири со тоа дека неговата долгогодишна партнерка со овој потег ја деваливра и вредноста на неговите 23,4 отсто акции во таа компанија. Односно во голема мерка ја нарушува неговата преговарачка позиција доколку тој сака да ги продава неговите акции.

Нашите извори велат дека Бибановска паралелно преговарала со две страни кои биле заинтересирани за нејзините акции. И тоа преговарала на начин што со едните декларирала јавно дека постои интерес да ги отуѓи акциите, а со другите преговарала тајно.

Како и да е доколку денеска на Македонската берза помине оваа трансакција во „Македонијатурист“ повеќе ништо нема да биде исто.

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Светот ќе гледа кон Скопје, Руте утре во Скопје

02/03/2026
Македонија

МИЦКОСКИ ДО ШЕИКОТ БИН ЗАЈЕД: Солидарност со ОАЕ и мобилизација

02/03/2026
Македонија

СДСМ НЕМА ВИЗИЈА НИТУ ЗА СЕБЕ, НИТУ ЗА ДРЖАВАТА, ЗАТОА

02/03/2026
Македонија

Ахмети со отворена поддршка за САД за нападот на Иран

02/03/2026
Македонија

МАКЕДОНЕЦ КРАДЕЛ ЗА ДА ОДИ ВО ЗАТВОР И ДА СЕ

02/03/2026
Македонија

ВЕЌЕ ОД МАРТ ВИСТИНСКА ПРОЛЕТ Температури повисоки од 30-годишниот просек

02/03/2026
Македонија

СЕ СПОЈУВААТ КАРДИОЛОГИЈА И КАРДИОХИРУРГИЈА Владата формира единствен центар за

02/03/2026
Македонија

ТЕНЗИИТЕ ГИ ВОЗНЕМИРИЈА НАШИТЕ ГРАЃАНИ Над 150 Македонци веќе побарале

01/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42122
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Светот ќе гледа кон Скопје, Руте утре во Скопје

02/03/2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утре ќе биде домаќин на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој доаѓа во својата прва официјална

МИЦКОСКИ ДО ШЕИКОТ БИН ЗАЈЕД: Солидарност со ОАЕ и мобилизација на институциите за заштита на

02/03/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари телефонски разговор со претседателот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан.

СДСМ НЕМА ВИЗИЈА НИТУ ЗА СЕБЕ, НИТУ ЗА ДРЖАВАТА, ЗАТОА Е НА ПОЛИТИЧКОТО ДНО Сè

02/03/2026

СДСM сервилна, талка без стратегија и без јасна цел ниту за партијата, а уште помалку за државата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Единствено

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy