
ТРГНАТА Е СПОМЕН ПЛОЧАТА НА СРПСКИТЕ ВОЈНИЦИ ВО ПРИШТИНА: Дачиќ реагираше дека ова е скандал
Српско спомен обележје е тргнато во косовскиот главен град Приштина.
Српскиот шеф на дипломатијата, Ивица Дачиќ ја критикува одлуката за отстранување на спомен плочата на српските војници во Приштина.
Дачиќ денеска оцени дека скандалозен потег е отстранувањето и преместувањето на спомен плочата на српските војници загинати во Балканските војни и Првата светска војна, во воениот дел на православните гробишта во Приштина, Нагласи дека ова доаѓа од земји кои треба исклучително да го почитуваат придонесот на Србија во Првата светска војна.
„Имајќи предвид дека ваквата одлука е донесена на предлог на француската и германската амбасада, а никој не ги известил ниту Србите кои живеат таму, ниту српските институции, тоа е скандалозен чин, без разлика што има некакви оправдувања со кои се служат. Овде нема политизација на тој чин, туку самиот тој чин е срамна политизација што е направена под притисок на албанските политички фактори во Приштина“, вели Дачиќ.
Тој вели дека на Косово се уништува она што е српско. Претходно, во Митровица беа ископани и православни гробишта, за да се изгради пат до куќата на лице од албанска националност. Остатоци од черепи беа исфрлени при копањето со механизација.
Фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

