Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тренчевска: Се грижиме за повозрасните, од декември финансиска поддршка за пензионерите
Македонија

Тренчевска: Се грижиме за повозрасните, од декември финансиска поддршка за пензионерите

23/11/2023

AA

Претседателката на форумот на жени на СДСМ и министерска за труд и социјална политика Јована Тренчевска во разговор за „Слободен печат“ истакна дека СДСМ се грижи за сите граѓани, особено за повозрасните, со постојано покачување на пензиите, а од декември следува финансиска поддршка за пензионерите.

-Методологијата за усогласување на пензиите два пати годишно дава резултат, пензиите од јануари 2022 година, за 1,5 година се зголемени за 25%. Два пати во годината, во март и септември имаме усогласување на пензијата согласно трошоците за живот, како што расте инфлацијата така се зголемуваат и пензиите и согласно порастот на просечната плата, а таа гледаме дека постојано расте, нагласи Тренчевска

Трнчевска истакна во 2017 година кога СДСМ дојде на власт дефицитот во пензискиот фонд бил 47%, а сега е намален на 33% и најави финансиска поддршка за најранливата категорија на пензионери.

Сега во декември ќе започне исплатата на финансиска поддршка, која ќе биде одлична за пензионерите. Многу скоро Владата ќе ја донесе одлуката за новиот пакет на атникризни мерки, во кој ќе бидат опфатени и пензионерите, за да можеме заедно да ги пребродиме и зимскиот период која парите се најпотребни, истакна Тренчевска.

Таа нагласи дека ссвен со покачување на пензиите и финансиска поддршка, Владата предводена од СДСМ е посветен на грижата за старите лица во делот и на капиталните инвестиции, односно градење на старски, општински домови така и во делот на услугите.

Имаме пет домови во моментов. Еден се гради и верувам дека 2024 година ќе биде отворен во Пробиштип. Имаме еден во најава, се спрема документација од страна на општина Кавадарци, рече Тренчевска.

Тренчевска додаде дека во грижата за повозрасните сограѓани, новина се услуги за старите лица што живеат сами.

Со новиот систем на социјална заштита за прв пат е воведна услуга за нега и помош во домот и за лична асистенција. Државата извојува средства во 44 општини за систем за помош и нега во домот за повзрасните, нагласи претседателката на форумот на жени на СДСМ Јована Тренчевска.

Тренчевска појасни дека во моментот најниската пензија е зголемена од времето на ДПМНЕ и изнесува 13.200 денари, но додаде деја се работи за граѓани кои што работеле само 15 години, затоа што 90% од луѓето кои земаат најниска пензија имаат 15 години стаж.

Со првото решение кое им е за пензионрање, износот на пензијата им е 4, 5, 8 илајди, но затоа што сме одредиле најниска граница на пензија државата ги субвенционира овие граѓани до оваа сума која денес е 13.200 денари. Не е правото остварено на овој износ, туку на многу понизок, истакна Тренчевска, додавајќи дека пензискиот систем мора да се одржува во стабилност за сегашните 336.000 пензионери, како и за идните пензионери.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Повторно лажни СМС испратени од МВР: Никако да не се

19/08/2026
Македонија

МВР: Започна примената на системот и за странските возила на

19/08/2026
Македонија

Телевизиите во Македонија најважните спортски натпревари ќе мора да ги

19/08/2026
Македонија

„Кога гори македонска земја, нема граници“: Хероите на градот тргнаа

19/08/2026
Македонија

Ниту еден македонски универзитет меѓу 1.000 најдобри во светот

19/08/2026
Македонија

Странски возачи чекаат во ред на Табановце за да ги

19/08/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: СДСМ создава паника за комарците, Град Скопје спроведува континуирана

19/08/2026
Македонија

Кризата со западно-нилската треска во Скопје ескалира: СДСМ бара одговорност

19/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45125
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Повторно лажни СМС испратени од МВР: Никако да не се споделуваат лични податоци

19/08/2026

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку

МВР: Започна примената на системот и за странските возила на ГП Табановце

19/08/2026

Од денес започна примената на воспоставениот механизам за постапување со возачите на возила со странски регистарски таблички кај кои системот

Телевизиите во Македонија најважните спортски натпревари ќе мора да ги емитуваат бесплатно

19/08/2026

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги донесе нова одлука со која се утврдува листа на настани од големо значење

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy