Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тренчевска: Најранливата категорија на пензионери остануваат во нашиот фокус на работа
Македонија

Тренчевска: Најранливата категорија на пензионери остануваат во нашиот фокус на работа

23/11/2023

AA

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на утринската програма на Слободен Печат зборуваше за капацитетите на старечките домови во државата и за услугите кои ги спроведува Министерството за труд и социјална политика со цел олеснување на животот на највозрасната категорија на граѓани.

„Не треба да се грижиме за највозрасните само за време на Недела на грижа на стари лица, туку секој ден. Особено тоа важи за нашето министерство каде е социјалната заштита и каде преку капиталните инвестиции се вложува во нови старски домови“ рече Тренчевска.

Министерката напомена дека јавни установи за вон семејна социјална заштита на стари лица се во надлежност на општината. Таа посочи дека министерството само ја финансира изградбата на истите преку претходно приложен проект од страна на општината кој секогаш пред реализација се усогласува со комисијата за капитални инвестиции од министерството. Тренчевска исто така најави нови јавни установи за вон семејна социјална заштита на стари лица во Пробиштип и во Кавадарци.

Во интерес на граѓаните Тренчевска зборуваше и за пензиите. Таа посочи дека само системските решенија за минималната плата и за пензиите дава резултати затоа што само тоа гарантира континуиран раст на истите.

„За повеќе од една година пензиите пораснаа за над 25%, растот на пензиите го следи растот на инфлацијата, но и на просечната плата“ изјави Тренчевска.

Министерката најави дека за скоро Владата ќе донесе решение за нови мерки кои ги таргетираат најранливите категории на пензионери, односно пензионерите со најниски примања.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Без концесија копале на државно и приватно земјиште, па ја

20/08/2026
Македонија

Владата најави „училишна кошничка“: Во вторник одлука за пониски цени

20/08/2026
Македонија

Поранешни градоначалници, директори и советници меѓу 94-те казнети од ДКСК

20/08/2026
Македонија

Ислам Абази нема да бара втор мандат на чело на

20/08/2026
Македонија

Ангелов со апел до сопствениците на викендички: Исчистете ја околината

20/08/2026
Македонија

„Сејф Сити“ стартуваше и за странци – чекањето за наплата

20/08/2026
Македонија

Синдикалната кошница во август достигна 68.675 денари, за еден месец

20/08/2026
Македонија

Лажен лекар измамил жена од Пробиштип за 2.500 евра

20/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45144
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Без концесија копале на државно и приватно земјиште, па ја загадиле водата во Струга –

20/08/2026

Нелегалната експлоатација на минерални суровини во близина на изворите за вода во струшкото село Шум довела до сериозно нарушување на

Владата најави „училишна кошничка“: Во вторник одлука за пониски цени

20/08/2026

Родителите и годинава ќе добијат олеснување при набавката на училишниот прибор пред почетокот на новата учебна година. Владата најави дека

Поранешни градоначалници, директори и советници меѓу 94-те казнети од ДКСК

20/08/2026

Непочитувањето на законската обврска за навремено пријавување на имотот и интересите ги чини десетици избрани и именувани лица по 300

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy