Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Трансформативната моќ на ЕУ се чувствува и низ процесот на пристапување
Економија

Трансформативната моќ на ЕУ се чувствува и низ процесот на пристапување

15/01/2024

AA

Во период на глобални предизвици, Европската Унија важи за симбол на
трансформација и напредок. Членството за Македонија нема да биде само формален
процес кон една политичка и економска заедница, туку ќе има длабоко влијание во
речиси сите делови на општествениот живот.

Со влезот во Унијата, Македонија ќе се отвори кон огромен и интегриран
економски пазар од над 500 милиони потрошувачи. Отстранувањето на трговските
бариери и усвојувањето на европските стандарди, дополнително ќе ја подобрат
бизнис климата и економскиот раст на земјата. Членството само по себе значи и
спроведување на сеопфатни политички и правни реформи, како и реформи во јавната
администрација. Во пошироки размери, да се биде дел од ЕУ значи и стабилност и
безбедност. Трансформативната моќ на членството во ЕУ има свои опипливи примери
кои го покажуваат длабокото влијание врз земјите-членки.

Преку процесот на пристапување во ЕУ и на македонските креатори на политики
на располагање им се ставаат голем број на алатки кои го олеснуваат
транспонирањето на европското законодавство, а преку тоа и пренесувањето на
европските вредности дома. Секоја земја-членка има придобивки од членството во
ЕУ, без разлика колку економски или политички била развиена пред нејзиното
пристапување во Унијата.

Придобивките не се чувствуваат само по членството, туку во текот на целиот
процес на пристапување. Преку сеопфатно прикажување на трансформативните ефекти,
може подобро да се разбере улогата што ЕУ ја игра во поттикнувањето на
стабилноста, развојот и соработката меѓу нејзините земји-членки и кандидатки. Во
оваа анализа издвојуваме неколку примери како земјите-кандидатки целосно имаат
сменето аспекти од општественото уредување во позитивна насока и благодарение
на процесот на пристапување во Унијата.   

Економски просперитет: Примерот
со Естонија

Естонија, некогаш дел од Советскиот Сојуз, денеска е успешна приказна во
ЕУ. Откако стана членка во 2004 година, земјата доживеа извонреден економски
раст. Европскиот пазар ја олесни трговијата, привлекувајќи странски инвестиции
и поттикнувајќи го претприемништвото. Естонскиот БДП по глава на жител е речиси
тројно зголемен, што најдобро ја покажува способноста на Унијата да го
катализира економскиот просперитет.

Естонија важи и за предводник на дигитализацијата во Европа и е препознаена
како едно од најнапредните дигитализирани општества во светот, фокусирано пред сè,
да обезбедува и целосни он-лајн јавни услуги за своите граѓани.

Мир и стабилност:
Француско – германското пријателство

Основачкиот принцип на ЕУ беше промовирање на мирот и стабилноста по двете
светски војни. Продлабочувањето на соработката меѓу Франција и Германија, земји
кои се сметаа за вечни непријатели, е пример за оваа трансформативна моќ.

Членството во Унијата создаде нови односи меѓу двете земји, и ја зголеми
соработката, пред сè, во економијата. На овој начин, непријателите се претворија
во сојузници, придонесувајќи за помирен и постабилен економски континент.

Еколошки
напредок: Зелената транзиција на Шведска

Посветеноста на Шведска за одржливост на животната
средина беше забрзана со членството во ЕУ. Пристапот до заедничките политики и
механизмите за финансирање на ЕУ и овозможи на Шведска да спроведе амбициозни
зелени иницијативи.

Од инвестиции во обновливи извори на енергија до строги
регулативи за заштита на животната средина, Шведска важи за пример и се смета
за еколошки патоказ во ЕУ.

Културна размена:
Еразмус програма

Програмата Еразмус која важи за една од водечките
иницијативи на ЕУ, го трансформираше животот на милиони студенти. Со
промовирање на културни размени и академска соработка, програмата создаде
генерации на отворени и меѓународно свесни поединци.

Отвори врата за многу млади луѓе да студираат во други
држави и да се запознаат со нови јазици и култури. Оваа културна интеграција
поттикнува единство и разбирање, надминувајќи ги границите и промовирајќи го
европскиот идентитет. 

Во македонски контекст, интеграцијата ќе им понуди шанса
на младите да учествуваат во различни програми за млади, иновативни и културни
фондови финансирани од ЕУ и тоа ќе им даде шанса да ги прошират своите
хоризонти и да научат за различни култури и перспективи, што може да придонесе за
поттикнување на разбирањето и соработка преку границите, што е клучно за овој
регион да ги надмине стигматизациите за едни кон други и да се фокусира на
заедничка европска визија.

Подобрување на
судскиот систем: Хрватска

Членството во ЕУ се покажа како катализатор за
трансформативни промени и во делот на судскиот систем, креирајќи го курсот на
државите кон поголема заштита на правда, еднаквост и достоинство.

Влезот во ЕУ, во Хрватска поттикна позитивни промени во
судскиот систем, пред сè, преку усогласување со европските правни стандарди,
воспоставување на нови надзорни тела и зголемување на судската независност.
Дополнително, пристапот до европските судски институции, и надзорот врз тоа
како се трошат европските пари, ја зголеми транспарентноста на домашните
институции, го намали нивото на криминал и корупција и го зајакна хрватскиот судски
систем. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

КРАЈ НА БЛОКАДАТА: ГП Евзони повторно отворен – рампата се

22/12/2025
Македонија

Ахмети со ултиматум и закани: „Јас ја срушив Југославија, не

22/12/2025
Македонија

АХМЕТИ ЖИВЕЕ ВО ФОЛКЛОРОТ ОД ПРЕД 20 ГОДИНИ Муцунски не

22/12/2025
Македонија

БОКС МЕЧ ВО ТУРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Пратениците си разменија тупаници за

22/12/2025
Македонија

Битола се гуши во екстремен смог – половина град се

22/12/2025
Македонија

Рекорден буџет за одбраната во 2026: 358 милиони евра за

22/12/2025
Македонија

ВО ПРАВОСУДСТВОТО ЌЕ ДОЈДАТ ЛУЃЕ ШТО МОЖАТ ДА СЕ НОСАТ

22/12/2025
Македонија

Муцунски за повлекувањето на Мицкоски: Партијата сакаше да го смениме

22/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 39322
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

КРАЈ НА БЛОКАДАТА: ГП Евзони повторно отворен – рампата се крена за сите возила

22/12/2025

Добра вест за патниците кои вечерва останаа заглавени на јужната граница. Блокадата на граничниот премин Евзони (влез во Грција) е

Ахмети со ултиматум и закани: „Јас ја срушив Југославија, не ме терајте на План Б

22/12/2025

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска на брифинг со новинарите испрати жестоки пораки до политичките опоненти, но и до „незадоволните“

АХМЕТИ ЖИВЕЕ ВО ФОЛКЛОРОТ ОД ПРЕД 20 ГОДИНИ Муцунски не гледа логика Владата да се

22/12/2025

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети уште живее во фолклорот од кога првпат има земено учество во владата од 2002 година,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy