Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Трамп: Русија се однесува многу добро
Македонија

Трамп: Русија се однесува многу добро

27/02/2025

AA

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека преговорите со Русија и Украина за мировен договор напредуваат, додека во Белата куќа се сретна со британскиот премиер Кир Стармер.

Стармер ги повика Соединетите Држави да обезбедат безбедносен „бекстоп“ за сите европски сили кои би можеле да учествуваат во потенцијална мировна мисија во Украина по завршувањето на мировните преговори што Трамп ги интензивираше откако ја презеде функцијата минатиот месец.

Трамп: Русија се однесува многу добро

Седејќи до Стармер во Овалната соба, Трамп рече дека верува оти мировниот договор со Русија може да опстане и дека не верува дека Путин повторно ќе ја нападне Украина.

„Мислам дека Русија се однесува многу добро … Мислам дека постигнавме голем напредок во постигнувањето договор, но сè уште не сме го постигнале“, рече Трамп, додавајќи дека нема да разговара за детали додека не се постигне договор.

Стармер му се заблагодари на Трамп што „го сменил тонот на разговорот и овозможил да се постигне мировен договор“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утре ќе ја посети Белата куќа и се очекува со Трамп да потпише договор за украинските стратешки минерали. Трамп рече дека договорот ќе обезбеди дополнителна заштита за Украина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Премиерот: Ќе ја анализираме секоја фактура за да ги намалиме

29/06/2026
Македонија

Топлотен бран во Македонија, ИЈЗ издаде препораки за заштита

29/06/2026
Македонија

Нормализиран сообраќајот кон Меѓународниот аеродром Скопје

29/06/2026
Македонија

Во среда последно збогум за Владо Јаневски на гробиштата во

29/06/2026
Македонија

Трагедија во Карпош: 58-годишен скопјанец пронајден мртов во базен во

29/06/2026
Македонија

UNCTAD: Критичните минерали ќе ја обликуваат идната економија, Иловица останува

29/06/2026
Македонија

Николоски: Следува целосна трансформација на железницата, ќе се набават нови

29/06/2026
Македонија

Од утре пороен дожд, грмежи и невреме во овие делови

29/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44023
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

Трамп: Нападот врз Иран беше како бомбардирање на Хирошима

25/06/2025

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече споредбата меѓу американскиот воздушен напад врз Иран и фрлањето нуклеарни бомби врз Хирошима и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy