
Трамп пристигна во Саудиска Арабија
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, утрово пристигна во Саудиска Арабија со деловна делегација, започнувајќи ја четиридневната турнеја низ Заливот.
Трамп беше пречекан од саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, објави Ал Арабија њуз.
Во придружба на американски бизнисмени, вклучително и извршниот директор на Tesla и советник на Трамп, Илон Маск, Трамп прво ќе го посети Ријад, каде што се одржува саудиско-американскиот инвестициски форум, а потоа во четврток ќе отпатува за Катар и Обединетите Арапски Емирати.

