Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТРАМП ГИ ПАУЗИРАШЕ ЦАРИНИТЕ НА 90 ДЕНА – но Кина е исклучена, кон нив се зголемија на 125 отсто
Економија

ТРАМП ГИ ПАУЗИРАШЕ ЦАРИНИТЕ НА 90 ДЕНА – но Кина е исклучена, кон нив се зголемија на 125 отсто

09/04/2025

AA

Американскиот претседател Доналд Трамп најави одложување или запирање на сите царини со исклучок на оние поврзани со Кина.

Тој ја сподели објавата преку социјалната мрежа Truth Social.

„Врз основа на недостигот на почит што Кина го покажа кон светските пазари, со ова ја зголемувам царината што САД ѝ ја наплаќаат на Кина на 125 отсто, која ќе стапи на сила веднаш. Се надевам дека Кина, во не така далечна иднина, ќе сфати дека деновите на искористување на предностите на САД и другите земји станаа неодржливи и неприфатливи“, напиша Трамп, продолжувајќи:

„Од друга страна, и имајќи го предвид фактот дека повеќе од 75 земји се обратиле до претставници на Соединетите држави – вклучително и министерствата за трговија, финансии и Канцеларијата на трговскиот претставник на САД (USTR) – за преговори за решавање на теми поврзани со трговијата, трговските бариери, царините, манипулацијата со валутата и нетарифните мерки, како и фактот дека дека овие земји, на моја изречна препорака, не презедоа никакви контраиндикативни мерки на САД,  90-дневна ПАУЗА и значително намалување на реципрочните царини во тие периоди – на десет проценти, исто така со моментален ефект!

Светските медиуми пак јавуваат дека секретарот за финансии Скот Бесент појаснил дека најавата на претседателот Доналд Трамп за зголемување на царините за Кина на 125 отсто е „за лоши актери“, велејќи дека претседателот избрал да ги зголеми тарифите за Пекинг „поради нивното инсистирање на ескалација“.

„Како што постојано реков, а претседателот Трамп го кажува тоа со години, Кина е најнеурамнотежената економија во историјата на современиот свет и тие се најголемиот извор на трговските проблеми на САД. И навистина, тие се проблеми за остатокот од светот, бидејќи она што го видовме е дека, како што САД го објавија царинскиот ѕид минатата недела, многу од тие стоки веќе почнаа да се преплавуваат во Европа.

Сепак, секретарот за финансии инсистираше на тоа дека САД не се вклучени во „трговска војна“, и покрај спиралната несигурност бидејќи Кина и САД воведоа сè поостри царини едни на други.

„Не го нарекувам трговска војна, туку велам дека Кина ескалира, а претседателот Трамп одговори многу храбро на тоа и ќе работиме на решение со нашите трговски партнери“, рече Бесент.

Тој укажа на тековните преговори со другите нации во регионот, вклучувајќи ги Виетнам, Јапонија, Јужна Кореја и Индија.

И тој ги нарече зголемените тарифи „автогол“ на Кина.

Фото: Принтскрин/Тру

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДВЕ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ПЕЦЕ МАТЕВСКИ, ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР НА РЕК

12/11/2026
Македонија

ДЕЛ ОД ВАКЦИНИТЕ ПРОТИВ ГРИП МОЖЕ ДА БИДАТ ДОСТАПНИ И

12/11/2026
Македонија

ОДЕЊЕТО НА ЗАБАР НЕМА ДА БИДЕ ТРАУМА ЗА ЛИЦАТА СО

12/11/2026
Македонија

ПЕТ МАЛОЛЕТНИЦИ ЌЕ ДОБИЈАТ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА НАПАДОТ ВО ВЛАЕ

12/11/2026
Македонија

ЗА НИВНО ДОБРО Е СТУДЕНТИТЕ СОВЕСНО ДА ГИ КОРИСТАТ ОБЈЕКТИТЕ

12/11/2026
Македонија

СДСМ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ТРАЈКО СЛАВЕСКИ Бара да му

12/11/2026
Македонија

УХМР ПРЕДУПРЕДУВА НА СИЛЕН ЈУЖЕН ВЕТЕР На места ќе дува

12/11/2026
Македонија

ЕТАПНО ЌЕ СЕ ПОКАЧАТ ПЛАТИТЕ НА ОБВИНИТЕЛИТЕ ДО 40% Јавниот

12/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46746
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДВЕ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ПЕЦЕ МАТЕВСКИ, ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР НА РЕК БИТОЛА Го оштетил комбинатот за

12/11/2026

Две години казна затвор за Пеце Матевски, поранешен директор на РЕК „Битола“ пресуди денеска битолскиот суд за незаконитости во тендерот

ДЕЛ ОД ВАКЦИНИТЕ ПРОТИВ ГРИП МОЖЕ ДА БИДАТ ДОСТАПНИ И ЗА НЕРИЗИЧНИТЕ ГРУПИ, НО ПРИВАТНО

12/11/2026

Минатата недела 26.000 вакцини против грип се пристигнати во Словенија, а очекуваме утре, најдоцна в понеделник, да бидат во употреба

ОДЕЊЕТО НА ЗАБАР НЕМА ДА БИДЕ ТРАУМА ЗА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ Реновирана ординацијата за општа

12/11/2026

Во Универзитетскиот стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“ во Скопје во 2025 и 2026 година се вложени над 40 милиони денари

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy