Тракторист од Стиник тешко повреден при работа во пластеник во Колешино
На 11.04.2026 во Полициската станица Струмица од Општа болница Струмица е пријавено дека кај нив за укажување на лекарска помош бил донесен Т.Т.(71) од село Стиник, општина Ново Село.
Тој се здобил со повреди додека со трактор извршувал земјоделски работи во пластеник во атар на село Колешино.
Извршен е увид на местото од екипа на СВР Струмица.