Трагедија: Пронајдено починато лице во Скопје
На 24.01.2023 во 19.52 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот во кој престојувал на ул.„Марко Цепенков“ во Скопје бил пронајден починат С.К.(56) од Скопје.
Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.