Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Трајчулески до Мицкоски: Зошто го отворате прашањето за македонскиот јазик, не враќате во времето на Груевски со истите мотиви?
Македонија

Трајчулески до Мицкоски: Зошто го отворате прашањето за македонскиот јазик, не враќате во времето на Груевски со истите мотиви?

31/07/2025

AA

Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до премиерот Христијан Мицковски зошто повторно се отвора веќе затвореното прашање за македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Дали Мицковски сака да ја врати Македонија во времето на режимот на Никола Груевски, и дали негирањето на македонскиот идентитет од страна на Бугарија денес се користи на ист начин како што Груевски го користеше грчкото вето во 2008 година, како изговор за внатрешна пресметка и задржување на власта?

Во продолжение следува интегрален текст од прашањето:

Помина нешто повеќе од една година од формирањето на владата предводена од Вмро-Дпмне. После една година практикување на власт, јас сакам да се вратам на почетокот, на денот кога оваа влада беше конституирана во ова Собрание.

Тогаш, од оваа говорница потсетив на главните очекувања кои ги имаат граѓаните од оваа влада, а врз основа на главните политички ветувања кои Вмро-Дпмне ги даваше во текот на предизборната кампања.

Ваши главни политички ветувања во однос на нашите евроинтеграции беа обезбедување на подобрена преговарачка рамка и уставни измени со одложено дејство.

За жал, во текот на оваа година, власта се соочи со политичката реалност, особено во меѓународната политика, и не само што не успеа да обезбеди подобрена преговарачка рамка и уставни измени како што ветуваше, туку нашите меѓународни позиции особено во однос на нашиот европски пат дополнително драматично се влошија.

Наместо подобрена преговарачка рамка, Македонија се соочи со силен ксенофобичен атак од страна на бугарските негатори на македонскиот јазик и идентитет олицетворен во дебатата за Извештајот за Македонија во Европскиот парламент.

Се реотвори прашањето кое беше целосно затворено за 26 земји членки на Унијата, освен за Бугарија. Повторно на маса се става македонскиот јазик и посебност кое беше целосно затворено прашање, со признат македонски јазик и идентитет во сите официјални документи на Унијата.

И денес имаме уште еден предлог од Ваша страна за заедничка резолуција со Бугарија до Европскиот парламент со која би се потврдил македонскиот јазик и идентитет. И замислете, предлагате оваа резолуција да биде поднесена од страна на бугарски европратеници.

Ќе ја цитирам академик Ќулавкова „Да побарате од Бугарија да поднесеме заедничка резолуција за признавање на ноторен лингвистички, научен и културен факт е еден вид руски рулет за Македонија, крајно неодговорен чин.

Или професорката Јачева Улчар која истакнува дека ваквата стратегија на владата носи ризици и може да создаде уште подлабока и потрајна политичка стапица од онаа со Договорот за добрососедство и со Францускиот предлог.

Почитуван премиер,

Македонскиот јазик е признат од сите, освен од одредени структури во Бугарија. Македонскиот јазик и идентитет се затворено прашање за 26 земји членки на ЕУ и за целиот свет. Нашиот јазик е признат во сите документи на ЕУ, вклучително во преговарачката рамка.

Ова македонско собрание има донесено Резолуција со која се забранува било кој и било кога да преговара за македонскиот јазик и идентитет.

Ниту вие, ниту јас, ниту било кој политичар смее да го стави на маса постоењето на посебен македонски јазик и идентитет.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА ДРАМАТИЧНА БРКОТНИЦА СО ПОЛИЦИЈАТА ВО ЃОРЧЕ Дилери

14/10/2026
Македонија

БУГАРИЈА НЕМА ДА ЈА ПРЕДАДЕ ИВА МИХАИЛОВА НА МАКЕДОНИЈА Екстрадицијата

14/10/2026
Македонија

АПАСИЕВ СЕ ФАТИ ЗА БАЏАНАКОТ, МИЦКОСКИ ГО ОБВИНИ ДЕКА Е

14/10/2026
Македонија

МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА ВО ЗАЕДНИЧКА АКЦИЈА СО ФБИ Кривична за 20-годишник

14/10/2026
Македонија

АНТОНИО ЈОЛЕВСКИ НАЗНАЧЕН ЗА В.Д. ШЕФ НА ВИШОТО ОБВИНИТЕЛСТВО БИТОЛА

14/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ ЈА ПОКАНИ ОПОЗИЦИЈАТА ВО ТИМОТ ШТО ЌЕ ВОДИ ДИЈАЛОГ

14/10/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА УАПСИ ТРОЈЦА СКОПЈАНИ Со закани и уцени барале 10.000

14/10/2026
Македонија

ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА ВАКЦИНА ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП! Активиран е сајтот

14/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46167
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА ДРАМАТИЧНА БРКОТНИЦА СО ПОЛИЦИЈАТА ВО ЃОРЧЕ Дилери му одзеле пиштол на полицаец,

14/10/2026

Полицијата поднесе кривични пријави против 3 лица за сторени кривични дела Спречување службено лице во вршење службено дејствие и Неовластено

БУГАРИЈА НЕМА ДА ЈА ПРЕДАДЕ ИВА МИХАИЛОВА НА МАКЕДОНИЈА Екстрадицијата на свој граѓанин може да

14/10/2026

Бугарија нема да ја предаде Ива Михаилова на Македонија, за која вчера Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница, откако

АПАСИЕВ СЕ ФАТИ ЗА БАЏАНАКОТ, МИЦКОСКИ ГО ОБВИНИ ДЕКА Е КУКАВИЦА И КЛЕВЕТНИК Жестока препирка

14/10/2026

Размена на обвинувања и меѓусебни прозивки имаше денеска на собраниската седница за опозициски пратенички прашања меѓу премиерот Христијан Мицкоски и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy