Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Трајанов: Постапката за хашките предмети да продолжи
Македонија

Трајанов: Постапката за хашките предмети да продолжи

12/02/2024

AA

На денешната парламентарна расправа, во врска со изборот на двајца министри (за здравство и за информатичко опшество), Павле Трајанов, пратеник и претседател на Демократскиот сојуз, меѓу другото го нагласи следното:

„Наместо техничката Влада да работи на создавање услови за организирање фер и демократски избори, подобрување на изборните правила, превентивно да делува за елиминирање на какви било можности за кршење на изборните правила, како и нормално функционирање на системот во целина, премиерот само по неколку дена од преземањето на функцијата предлага реконструкција. Во суштина, ДУИ и СДСМ директно се вклучија во внатрепартиските процеси во Алијансата на Албанците, откако беше објавено дека Алијансата нема да се приклучи на коалиција помеѓу ДУИ и СДСМ, туку на опозициониот сојуз на албанските партии.

СДСМ долго се обидува да направи раскол во ВМРО-ДПМНЕ, се вмеша во изборот на лидер на НСДП, го отстрани од функцијата претседателот на ЛДП и сега, заедно со ДУИ, предизвикаа раскол во Алијансата на Албанците.

Во овие тешки состојби за граѓаните овие две партии се самопрогласуваат за проевропски, за влез на Македонија во ЕУ.

Без правда, со висока корупција, со колабирани државни институции, ‘точно’ е дека ги отворија вратите на ЕУ, каде од 2001 година во еден правец заминаа над 200.000 Албанци и над 800.000 Македонци. Меѓу другите причини за тоа, се и рефлексиите од конфликтот од 2001 година, конфликт кој во основа беше војна за територии, но подоцна, под силен притисок на меѓународните фактори, стана борба за човекови права.

Затоа се залагам да се истражат сите аспекти на овој конфликт, причините за истиот,кој и зошто ја опструираше одбраната, кој и зошто заговараше размена на територии и население, кој изврши злосторства над цивилите, кој профитира од конфликтот, како и други прaшања, за да изгрaдиме механизми да не се повтори, а такви обиди имаше – Диво насеље во Куманово и Смилковско езеро.

Затоа, ве повикувам сите пратеници да создадеме услови да продолжат истражните активности за четирите Хашки предмети („Водство на ОНА“, „Липковско Езеро“, „Гробница Непроштено“ и „Мавровски рабитници“) случаи на воени злосторства над цивили, кои не застаруваат.

Да постапиме по барањето на Советот на Европа, барање кое се крие од Парламентот и од јавноста.
БЕЗ ЦВРСТА ОСУДА НА ЗЛОСТОРСТВАТА ОД МИНАТОТО НЕ МОЖЕ ДА СЕ ГРАДИ МИРНО И ДЕМОКРАТСКО ОПШТЕСТВО.“

Павле Трајанов ја афирмираше определбата за итна седница на Парламентот за ублажување на проблемите и хаосот со личните документи, како и одговорноста за креаторите на ваквите состојби, Димитар Ковачевски, Оливер Спасовски и Бујар Османи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОСТАРА ЖЕНА ПОЧИНАЛА ВО „БИТКА“ СО КРАВИТЕ ОД ПАЛАНКА? Бранејќи

14/11/2026
Македонија

СЕГА Е МОМЕНТ ДА ГИ БАРАМЕ АРХИВИТЕ НА УДБА ОД

14/11/2026
Македонија

ПОВЕЌЕ ОД 30 ЧЛЕНОВИ НА СДСМ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ПРЕМИНАА

14/11/2026
Македонија

ТИНЕЈЏЕР СО ГАСЕН ПОШТОЛ СЕ ШЕТАЛ ВО УЧИЛИШТЕ ВО ТЕТОВО

14/11/2026
Македонија

РЕФОРМСКАТА АГЕНДА ЌЕ БИДЕ ЗАВРШЕНА ДО ДЕКЕМВРИ Мицкоски очекува клучните

14/11/2026
Македонија

КРАВИТЕ ОД КРИВА ПАЛАНКА ГО ОБИКОЛЕИЈА СВЕТОТ Медиумите објавија видеа

14/11/2026
Македонија

ДА СЕ ПРИФАТИ ДОГОВОРОТ И ДА НЕМА ДРУГИ БАРАЊА Францускиот

14/11/2026
Македонија

„СДСМ Е НАБЉУДУВАЧ, А СВАТОТ НА АЛИ АХМЕТИ E АКЦИОНЕР“

14/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46772
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОСТАРА ЖЕНА ПОЧИНАЛА ВО „БИТКА“ СО КРАВИТЕ ОД ПАЛАНКА? Бранејќи го имотот од нив добила

14/11/2026

Градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски во „Претрес со Ландов“ пренесе сведоштво од граѓанин кој му раскажал дека неговата мајка

СЕГА Е МОМЕНТ ДА ГИ БАРАМЕ АРХИВИТЕ НА УДБА ОД СРБИЈА! Павле Трајанов смета дека

14/11/2026

Националниот координатор за борба против тероризмот Павле Трајанов, по промената на власта во соседна Србија, гледа можност за повторно иницирање

ПОВЕЌЕ ОД 30 ЧЛЕНОВИ НА СДСМ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ПРЕМИНАА ВО ДВИЖЕЊЕТО ЗНАМ Губењето на

14/11/2026

Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ – Ѓорче Петров ја напуштија партијата и пристапија кон Движењето ЗНАМ – За

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy