Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тошковски: Системот „One Stop Shop“ – ново поглавје на поврзаност, побрз транспорт, повеќе трговија, туризам и пријателство меѓу двете држави
Македонија

Тошковски: Системот „One Stop Shop“ – ново поглавје на поврзаност, побрз транспорт, повеќе трговија, туризам и пријателство меѓу двете држави

12/04/2025

AA

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на граничниот премин „Блаце – Елез Хан“ на кој во присуство на премиерите на Македонија, Христијан Мицкоски и Косово, Албин Курти и министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла и делегации од двете земји, свечено беше пуштен во употреба системот на заеднички гранични проверки „One Stop Shop“.

Министерот Тошковски во своето обраќање потенцираше дека обврска на институциите е со својата работа да го унапредуваат квалитетот на животот на сите граѓани и со пуштањето во употреба на овој систем се отвора нова ера на побрз транспорт на стоки и повеќе трговија, повеќе туризам, повеќе дружба и поголемо пријателство.

„Ова е резултат на договорот меѓу двете влади и Протоколот што го уредува начинот на гранични и царински контроли, инфраструктурата, размената на податоци и поделбата на трошоци. Целта е јасна – побрзо, поедноставено и побезбедно преминување на границата. За патниците тоа значи една проверка наместо две, пократко чекање и подобро искуство, а за службите – поефикасна работа, подобра координација и посилна борба против незаконски активности.“, потенцираше министерот Тошковски.

Тошковски подвлече дека овој граничен премин е еден од најфреквентните во државата со повеќе од четири милиони патници годишно и дека со неговата имплементација отвораме ново поглавје на поврзаност – побрз транспорт, повеќе трговија, туризам и пријателство меѓу двете држави.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Мостот на Маркова Река повторно целосно отворен за сообраќај од

04/09/2026
Македонија

Марта Кос ја откажа посетата на Србија поради величењето на

04/09/2026
Македонија

Кривична пријава за даночно затајување, лихварство и перење пари во

04/09/2026
Македонија

Брзата интервенција спречи пожарот кај Националниот парк Маврово да се

04/09/2026
Македонија

Пуканиот пеликан во Дојран е спасен, доби мандра за престој

04/09/2026
Македонија

МВР со ново работно време за одобренијата за патување на

04/09/2026
Македонија

16 деца годинава завршиле во болница по труење во Куманово

04/09/2026
Македонија

Истрага за проневера од 2,26 милиони евра: Осомничени шест лица

04/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45461
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Мостот на Маркова Река повторно целосно отворен за сообраќај од утре

04/09/2026

Возачите кои секојдневно го користат регионалниот пат Р1106 од утре повторно ќе можат непречено да го користат мостот на Маркова

Марта Кос ја откажа посетата на Србија поради величењето на Младиќ

04/09/2026

Одлуката на европската комесарка за проширување Марта Кос да не ја реализира планираната посета на Србија доаѓа во момент кога

Кривична пријава за даночно затајување, лихварство и перење пари во Струмица

04/09/2026

СВР Струмица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против едно правно и две физички лица, поради сомневање за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy