Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тошковски од Дубаи: Македонија покажа способност да даде реален и мерлив придонес во справување со транснационални безбедносни закани
Македонија

Тошковски од Дубаи: Македонија покажа способност да даде реален и мерлив придонес во справување со транснационални безбедносни закани

15/05/2025

AA

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во рамки на посетата на Обединетите Арапски Емирати учествуваше на Светскиот полициски форум – глобална платформа за безбедносна соработка, технолошки иновации и иднината на полициското работење, која обединува полициски лидери и експерти од над 100 држави.

Министерот Тошковски во своето обраќање на самитот даде осврт на улогата на Македонија како стратешки позиционирана држава на Балканот – мала по димензии, но голема по значење кога станува збор за регионалната стабилност и европската безбедност.

Министерот Тошковски зборуваше за нашите искуства со управувањето со мигрантската криза, справувањето со трговијата со дрога и организираниот криминал, како и за нашата оперативна соработка со НАТО, ЕУ и другите меѓународни партнери.

„Македонија, и покрај ограничените ресурси, покажа способност да даде реален и мерлив придонес во справување со транснационални безбедносни закани“, потенцираше Тошковски.

Министерот Тошковски на маргините на самитот оствари значајна билатерална средба со шефот на Полицијата на Дубаи, Абдула Калифа Ал Мари, на која се заблагодари за можноста нашата држава да биде дел од ваков стратешки форум.

„Договоривме интензивирање на соработката на техничко ниво помеѓу двете институции, со акцент на размена на знаење и искуства, особено во делот на дигиталната трансформација и имплементацијата на алатки базирани на вештачка интелигенција во полициското работење.“, нагласи министерот Тошковски.

Учеството на Светскиот полициски самит не е само симболично, тоа е реална можност за вмрежување со колеги од цел свет, за споделување добри практики и креирање партнерства кои водат до поефикасни, побрзи и покоординирани одговори на современите безбедносни предизвици.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Сопственикот на „Пулс“ за неполн месец излегува од притвор

09/09/2026
Македонија

Сеопфатното сексуално образование оди на ревизија, МОН го повлече предметот

09/09/2026
Македонија

Ангелов: Нема алармантни пожари, но опасноста од нови разгорувања останува

09/09/2026
Македонија

Полицијата приведе 21 возач: 14 без положен испит, четворица со

09/09/2026
Македонија

Мицкоски: Настаните за 35 години независност ги чинеле граѓаните и

09/09/2026
Македонија

Мицкоски: Нема да има поскапување на струјата, ќе се обидеме

09/09/2026
Македонија

464 инспекциски контроли за една недела, изречени глоби од над

09/09/2026
Македонија

Од сабота „Безбеден град“ и во Велес

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45591
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Сопственикот на „Пулс“ за неполн месец излегува од притвор

09/09/2026

За неполн месец, сопственикот на дискотеката „Пулс“ од Кочани, Дејан Јованов – Деко, ќе излезе од притвор и понатамошниот дел

Сеопфатното сексуално образование оди на ревизија, МОН го повлече предметот

09/09/2026

Средношколците нема да го изучуваат изборниот предмет „Сеопфатно сексуално образование“, откако Министерството за образование и наука одлучи привремено да ја

Ангелов: Нема алармантни пожари, но опасноста од нови разгорувања останува

09/09/2026

Иако во моментов нема пожари кои се оценуваат како алармантни, опасноста од нивно повторно разгорување и избувнување нови огнени жаришта

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy