Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тошковски го призна скандалот дека братот на градоначалникот на Гази Баба избегнал казна со интервенција
Македонија

Тошковски го призна скандалот дека братот на градоначалникот на Гази Баба избегнал казна со интервенција

28/04/2025

AA

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, соопшти дека ќе има кривична одговорност за полицискиот службеник кој дал наредба да не се казни братот на градоначалникот на Гази Баба за сторен сообраќаен прекршок. Наместо него, санкциониран бил друг граѓанин кој немал никаква поврзаност со инцидентот.

– Беше утврдена фактичка состојба многу пострашна од онаа што беше објавена од СДСМ, односно се утврди дека конкретниот полициски службеник постапил спротивно на неговите законски овластувања и дозволил одредено лице да помине без соодветна казна што требало да му биде изречена. Тоа е првиот прекршок. Вториот прекршок којшто е уште пострашен е тоа што недолжен граѓанин, кој не е поврзан со настанот, го навел во рамки на документацијата што се изготвува од страна на Министерството за вантрешни работи  со што сторил одредено кривично дело кое ќе биде процесурирано од страна на Министерството за внатрешни работи, изјави попладнево  Тошковски за телевизија „Сител“.  

Братот на градоначалникот на Гази Баба кој возел со 88 километри на час, наместо дозволените 50 километри на час, според министерот Тошковски, денеска сам се пријавил во полициската станица „Пролет“ и му е изречена прекршочна парична казна од 300 евра, а ќе се процесуира и забрана за управување со моторно возило. 

– Овој случај МВР го расветли веднаш по информациите во јавно достапните гласила. Да упатам порака дека секој полициски службеник мора да постапува согласно закон и согласно стандардно-оперативни процедури. Никој нема никого да има шанса да го спаси од дисциплинска или друга одговорност, рече Тошковски.

Опозициската СДСМ денеска обелодени дека на 20 април на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје, полицијата со радар фатила возило со преголема брзина кое било управувано од братот на градоначалникот на Гази Баба и дека полициските службеници не го казниле по наредба на началник во МВР.

– Среде Скопје, братот на градоначалникот летал со 88 километри на час, иако дозволената брзина е 50 километри на час. Свиркачи од МВР ни доставија видео-снимка од радарот, на која јасно се гледа колку вози Стефковски среде Скопје. Полицајците го стопирале за да го казнат за пребрзо возење, но тогаш Далибор Стефковски телефонски контактира со некој во МВР. За само една минута, началник од МВР, кој според нашите информации тогаш дури и не бил во земјата, се јавува на полицајците и им дава наредба: братот на градоначалникот да не биде казнет и да биде ослободен. Бидејќи прекршокот веќе бил евидентиран, наредено им е казната да ја запишат на друго лице. Така, казната е издадена на лице со иницијали С.Ј., под налог број 07929, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска на денешната прес-конференција.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Македонски производи на полиците на Lidl низ Европа

27/08/2026
Македонија

Мртвиот гавран најден во Ресен е заразен со западнонилски вирус,

27/08/2026
Македонија

Маж од Аеродром е шестата жртва од западнонилска треска во

27/08/2026
Македонија

1621 сообраќаен прекршок за три дена, 43 лица приведени

27/08/2026
Македонија

Се мие и дезинфицира просторот околу контејнерите низ Скопје

27/08/2026
Македонија

Над 90 илјади невработени во Македонија, над 100 илјади пак

26/08/2026
Македонија

Николоски: Скопје – Блаце се гради на исклучително тежок терен,

26/08/2026
Македонија

19 пожари низ Македонија, се уште активни се 5

26/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45281
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Македонски производи на полиците на Lidl низ Европа

27/08/2026

Од фабриките во Радовиш до полиците на Lidl во неколку европски земји – за македонските производители се отвора нова ера

Мртвиот гавран најден во Ресен е заразен со западнонилски вирус, вели Клековски

27/08/2026

Агенцијата за храна и ветеринарство потврди присуство на западнонилскиот вирус кај мртов гавран пронајден во паркот покрај општинската зграда во

Маж од Аеродром е шестата жртва од западнонилска треска во Македонија

27/08/2026

Нов смртен случај од западнонилска треска е потврден денеска, со што бројот на починати во земјава се искачи на шест,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy