Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тошковски: Да работеле институциите, немаше да дојде до ова! Реткост е во Македонија да се постапува според сите професионални стандарди!
Македонија

Тошковски: Да работеле институциите, немаше да дојде до ова! Реткост е во Македонија да се постапува според сите професионални стандарди!

15/09/2025

AA

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изјави дека во тек е активна истрага поврзана со еколошки криминал и најави дека за секој за кој ќе се докаже вмешаност ќе следуваат соодветни кривични пријави.

„Постојат индиции во она што го кажавте и вие, а за тоа зборуваа и премиерот и директорот на ДЗС. Во интерес на истрагата не би можел да споделам повеќе информации. Будни сме, присутни сме, МВР ги презема сите потребни дејствија,“ изјави Тошковски.

Министерот потврди дека е спроведен информативен разговор со четири лица, а дел од нив се под надзор на јавен обвинител кој предложил мерки за обезбедување на нивното присуство. „Истрагата ќе оди најдлабоко до каде што може да оди,“ додаде тој.

Тошковски потенцираше дека граѓаните заслужуваат безбедна и чиста Македонија и ги повика сите институции, особено Министерството за животна средина, да се вклучат со целосен капацитет:

„Да си ја работеле институциите работата како што треба, немаше да дојде до ова. Факт е дека изминатите 30 години беа диригирани, уништувани, запуштани, раководени од несоодветен кадар и нефокусирани кон преземање на надлежностите. Реткост е во Македонија да се постапува според сите професионални стандарди, како што постапуваме во оваа ситуација,“ истакна министерот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy