Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тошковски: Борбата со недозволената трговија со дрога е и ќе остане еден од стратешките приоритети на МВР
Македонија

Тошковски: Борбата со недозволената трговија со дрога е и ќе остане еден од стратешките приоритети на МВР

11/06/2025

AA

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес учествуваше и се обрати на 16 сесија на Работната група 4 од Националната конвеција  за Европската Унија во Македонија, платформа која низ годините се етаблира како сериозен и кредибилен простор за дијалог, анализа и препораки во процесот на европската интеграција.
Темата на дешната сесија „Предизвиците и перспективите на националнте политики за дроги и психотропни супстанци“ е тема која го засега секој сегмент од нашето општество.

„Во повеќе наврати досега, и во јавноста и пред институциите, јавно сум потенцирал дека борбата со недозволената трговија со дрога е и ќе остане еден од стратешките приоритети на Министерството за внатрешни работи. Не само поради нејзините последици врз младите и општественото здравје, туку и поради фактот што овој феномен претставува клучен извор на моќ и ресурси за организираните криминални групи. Денешната сесија е потврда дека оваа борба мора да биде споделена, инклузивна и стратешки насочена“, потенцираше министерот Тошковски.

Министерот Тошковски нагласи дека МВР како институција е на првата борбена линија во спречувањето на недозволената трговија со дрога и е секојдневно сведок на трансформациите и предизвиците кои ги носи овој феомен, од порастот на синтетичките супстанци и нивната достапност, до поврзаноста со организираниот крминал и транснационални мрежи.„Но, токму затоа е важно да истакнеме дека борбата против дрогата не се води само со апсења и заплени. Таа се води и со податоци, со научно утврдени политики, со превенција во училиштата, со програми за третман и социјална поддршка, со меѓусебна доверба меѓу институциите, и со постојана комуникација со граѓаните и заедницата“, потенцираше на крај министерот Тошковски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy