Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТОМОВСКИ БАРА СДСМ ДА МУ СЕ ИЗВИНИ ИЛИ ЌЕ ТУЖИ ЗА КЛЕВЕТА Немам никакви удели во посочената компанија
Македонија

ТОМОВСКИ БАРА СДСМ ДА МУ СЕ ИЗВИНИ ИЛИ ЌЕ ТУЖИ ЗА КЛЕВЕТА Немам никакви удели во посочената компанија

06/12/2025

AA

„Посочената компанија не е моја, ниту пак имам било каков удел во нејзе. Јас во моментов немам никаква приватна компанија и единствено сум насочен кон мојата работа како директор на Службата за општи и заеднички работи. Целиот мој живот работам чесно, одговорно и посветено, така и ќе продолжам“ – пишува Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес конференција на СДСМ, на која беше обвинет дека е поврзан со компаниите Сити логистик и Сити аутсорсинг, кои наводно добиле 161 тендер од државни и општински институции во вкупна вредност од 5,36 милиони евра за две години.

„Очигледна е намерата по секоја цена на партијата која е во пропаѓање да обвинува, клевети и жигосува. Тоа е нивниот стил, но и единствената сламка за спас. Додека тие зборат за некаков криминал, тие што вистински се тоа, од Дубаи нарачуваат и пишуваат клеветнички прес конференции. Така тоа изгледа кога крадецот вели држете го крадецот. И сакаат да се заборави на златните визи на Филипче, Заев, за модуларната болница, Соравија, плантажите за марихуана.

СДСМ ќе мора да се извини поради изнесените клевети, во спротивно ќе поднесам тужба пред надлежните органи.

Власта е одговорност и таму не се доаѓа со пазарџиски финти, клевети. Очигледно, тоа е нивната понуда, а народот ќе суди, впрочем како што им пресуди на последните избори.

Слободно сите можни институции да проверат сè, а искрено, од СДСМ не очекувам извинување затоа што за извинување потребна е доблест и морал, а тоа одамна видовме дека го немаат“ – пишува меѓудругото директорот на СОЗР Ивица Томовски.

СДСМ ОБВИНИ ДЕКА СЕМЕЈНА ФИРМА НА ИВИЦА ТОМОВСКИ „ГО ЧИСТИ БУЏЕТОТ“ Сити логистик или Сити аутсорсинг добила 161 тендер или 5.3 милиони евра

 

 

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Двајца вработени во „Национални шуми“ пријавени: Службени возила користеле за

05/09/2026
Македонија

16 возачи приведени во едно деноноќие, повеќето возеле без дозвола

05/09/2026
Македонија

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик во Европа

05/09/2026
Македонија

По години чекање, се ослободува трасата кај мостот „Генерал Михајло

05/09/2026
Македонија

Турски државјанин приведен во Охрид поради сомнение за посредување во

05/09/2026
Македонија

На Табановце приведен Романец кој кај Демир Капија возел 163

05/09/2026
Македонија

Со 2,98 промили алкохол возел низ Дебар – полицијата го

05/09/2026
Македонија

Инспекторатот за употреба на јазиците објави дека директорот се сретнал

05/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45478
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Двајца вработени во „Национални шуми“ пријавени: Службени возила користеле за превоз на огревно дрво

05/09/2026

Двајца вработени во Јавното претпријатие „Национални шуми“ – Свети Николе се соочуваат со кривична пријава поради сомнение дека службените возила

16 возачи приведени во едно деноноќие, повеќето возеле без дозвола

05/09/2026

Полицијата во текот на изминатото деноноќие лишила од слобода 16 возачи на различни локации низ државата поради сомнение за „безобѕирно

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик во Европа

05/09/2026

Зголемениот број случаи на западнонилска треска не е проблем со кој се соочува само Македонија, туку поширок европски предизвик, оцени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy