Тоа момче кое уби осум деца за мене е крал – Босанец се закани дека ќе направи масакр во Бихаќ
Момче во босанскиот град Бихаќ се закани на социјалните мрежи дека ќе изврши слично убиство како она што вчера се случи во Белград во Србија.
Се работи за младо момче кое е поранешен ученик во мешовитата гимназија Бихаќ.
„Тоа момче кое уби осум деца за мене е крал! Долго време подготвувам такво нешто за економското училиште во Бихаќ. Ќе биде незаборавен масакр во Бихаќ, се колнам со животот! Кога сите знаевте да ме осудувате и избегавате, поради тоа ќе има терор“, напиша тој на социјалните мрежи.
По ова следеше соопштението од Мешовитото средно училиште.
„Ги известуваме сите ученици од нашето училиште, како и нивните родители, дека поради ситуацијата настаната поради објавата на нашиот поранешен ученик З.А., нема потреба од паника. Надлежните органи беа соодветно и навреме информирани и реагираа согласно нивните овластувања“, стои во соопштението
Уште еден инцидент имаше во Србија. Трите момчиња кои мафтаа со пиштол во Обреновац се уапсени набргу по настанот и однесени во полициска станица на распит во присуство на нивните родители.
Во Србија имаше коментари од тинејџери кои го величаат детето убиец кое уби девет луѓе во училиштето.