Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТИТАН УСЈЕ со едукативни работилници за циркуларна економија и декарбонизација – поттикнува поголема соработка во заедницата
Македонија

ТИТАН УСЈЕ со едукативни работилници за циркуларна економија и декарбонизација – поттикнува поголема соработка во заедницата

17/11/2025

AA

Зајакнување на капацитетите на сите чинители за одржливо управување со отпад, и ефективна примена на кружната економија во насока на поголема декарбонизација, е главна цел на проектот „Циркуларна економија и декарбонизација“. Проектот  го реализира ТИТАН Усје во соработка со Стопанската комора на Северна Македонија. 

Во рамките на проектот се реализираат неколку едукативни работилници каде своите практични искуства, постигнати резултати и знаења од областа на управувањето со отпад, кружната економија и декарбонизацијата, ќе ги споделат претставниците на ТИТАН Усје. На едукативните работилници ќе бидат опфатени професионалци и вработени од индустриските и производните сектори, односно во секторот за управување со отпад, вработени во помали производствени компании, вработени во поголеми компании поврзани со градежништвото, како и нововработени во ТИТАН УСЈЕ. Обуки се организираат и за студенти и невработени лица, за државни и локални инспектори за животна средина, како и за професионалци и вработени во јавни комунални претпријатија. Во информативно едукативниот процес ќе бидат опфатени околу 200 лица, а обуките ќе се одржат во период од 14 ноември до 2 декември годинава. 

ТИТАН УСЈЕ е целосно посветен на декарбонизација, имплементација на одржливо управување со отпадот и примена на принципите на кружната економија. На почетокот на проектот пред присутните се обрати техничкиот директор на ТИТАН Усје Гоце Цветкоски. 

„Имплементирање и унапредување на најдобрите практики во оваа област е наш врвен приоритет и ние активно работиме на унапредување на системот и зајакнување на ефикасноста. Ни претставува огромно задоволство што имаме можност да го споделиме нашето искуство и знаење за применетите практики со нашите партнери. Како пионери во оваа област имаме и одговорност и обврска да поттикнеме што поголема примена на најдобрите практики во овие области, бидејќи само така можеме да имаме подобри резултати во пошироката заедница. Особено ни е драго што ќе имаме можност да ги  споделиме нашите искуства со студентите, со идеја да ги поттикнеме младите да бидат активни учесници во процесите на зелена транзиција“, нагласи Цветкоски.

ТИТАН Усје е компанијата која е прва во инсталирање на капацитети за употреба на алтернативни горива за енергија, со што значително се намалуваат емисиите на CO₂. Годинава компанијатаја доби и највисоката потврда за одржлив систем за унапредување со отпад – Нула отпад на депонија (Zero Waste to Landfill Platinum Certificate) и е прва компанија со Платинуим признание во земјата. Овој систем е базиран на механизми за справување со отпад односно рециклирање, компостирање, анаеробна дигестија, реупотреба и термално процесирање. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Секое десетто дете во Македонија било изложено на сексуална злоупотреба

26/08/2026
Македонија

Жените доминираат меѓу дипломираните, магистрите и докторите на науки во

26/08/2026
Македонија

Забрана за риболов и пловидба на Мавровското Езеро до 7

26/08/2026
Македонија

Топло низ цела Македонија: Издаден метеоаларм поради високите температури

26/08/2026
Македонија

Нов моторички парк на Водно – паднатите дрвја добија нова

26/08/2026
Македонија

Три пожари и натаму активни, четири под контрола

26/08/2026
Македонија

ДЗС и пожарникарите ги здружија силите: Се затрупува депонијата во

25/08/2026
Македонија

Вероника Консевиќ донесе бронза за Македонија на Медитеранските игри –

25/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45258
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Секое десетто дете во Македонија било изложено на сексуална злоупотреба со помош на технологијата

26/08/2026

Дигиталниот простор станува сè поголем ризик за децата во Македонија. Нов извештај покажува дека едно од десет деца на возраст

Жените доминираат меѓу дипломираните, магистрите и докторите на науки во Македонија

26/08/2026

Жените се побројни од мажите на речиси сите нивоа на високото образование во Македонија, покажуваат податоците на Државниот завод за

Забрана за риболов и пловидба на Мавровското Езеро до 7 септември

26/08/2026

Мавровското Езеро во следните две недели ќе биде под посебен режим поради одржувањето на Светското првенство во риболов. Во периодот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy