Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТИТАН УСЈЕ прва компанија со Платиниум сертификат за системот Нула отпад на депонија
Македонија

ТИТАН УСЈЕ прва компанија со Платиниум сертификат за системот Нула отпад на депонија

15/07/2025

AA

ТИТАН УСЈЕ доби највисока потврда за имплементација на одржлив систем за управување со отпад – Нула отпад на депонија (Zero Waste to Landfill Platinum Certificate) и е прва компанија со Платинуим признание во земјата. Овој систем е базиран на механизми за справување со отпад односно рециклирање, компостирање, анаеробна дигестија, реупотреба и термално процесирање.

Една од најзначајните негови придобивки е намалувањето на количините на отпад кои се одлагаат на депонија, што е од исклучително значење од аспект на животна средина, но и од економски и социјален аспект, а придонесува и генерално за намалување на емисиите на стакленички гасови.

„Иако компанијата во производниот процес не создава отпад, активно работиме на ефективна имплементација на одржлив систем на управување со отпад, кој се генерира од амбалажата на производите, од одржувањето на погоните и од административното работење. Како членка на групацијата ТИТАН, достапни ни се најдобрите практики во оваа област кои успешно ги имплементиравме. Оваа награда за нас е од големо значење, бидејќи доаѓа во годината кога одбележуваме 70 години од нашето постоење и е вистинска потврда на нашата определба за имплементирање на принципите на кружната економија во нашата компанија. Овој модел е значаен и за заедницата, а ние сме подготвени да го споделиме нашето искуство и да помогнеме во пошироко имплементирање на овој начин на работење“, истакна Константинос
Николау, главен извршен директор на ТИТАН УСЈЕ.

Системот „Нула отпад на депонија“ подразбира одвоено собирање на различни фракции на отпад и водење на точна и транспарентна евиденција. Детално се следи и документира текот на материјали кои влегуваат и излегуваат од процесите, количината на создаден отпад, како и типот и начинот на управување со секој тип на отпад.

Откако ќе се соберат податоците за количината на генериран отпад и делот од отпадот кој е третиран преку некој од горенаведените механизми, се врши пресметка на стапката на повратен материјал, односно отпад кој не завршил на депонија.

Платиниум сертификат добиваат само компаниите кои имаат од 99 до 100 отсто стапка на повторна употреба на отпадот. Во 2024 година ТИТАН Усје има 99,86 % повторна употреба на отпадот.

ТИТАН УСЈЕ е целосно посветен на декарбонизација, имплементација на одржливо
управување со отпадот и континуиран развој преку дигитализација, иновации и воведување на вештачка интелигенција во сите сегменти од работењето. Компанијата е прва во инсталирање на капацитети за употреба на алтернативни горива за енергија, со што значително се намалуваат емисиите на CO₂.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy