Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тимот за спасување од Струмица на голема НАТО вежба во Бугарија: Ќе тренираат заедно со 1.200 спасувачи од целиот свет
Македонија

Тимот за спасување од Струмица на голема НАТО вежба во Бугарија: Ќе тренираат заедно со 1.200 спасувачи од целиот свет

08/09/2025

AA

Докажаниот тим за урбано пребарување и спасување од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струмица учествува на една од најголемите и најсложени светски вежби за справување со итни ситуации, која од вчера се одржува во Монтана, Бугарија, во организација на НАТО и бугарските власти.

Струмичките спасувачи, кои се дел од Републичкиот тим за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), ќе го тестираат своето искуство рамо до рамо со околу 1.200 други учесници од земји-членки на НАТО и партнерски организации.

Овој тим е веќе докажан на светско ниво, со огромно искуство стекнато во реални катастрофални ситуации, вклучително и нивното учество во спасувачките мисии по разорните земјотреси во Албанија и Турција.

Меѓународната вежба, која ќе трае до 12 септември, предвидува симулација на повеќе комплексни сценарија, како што се: пребарување и спасување од урнатини, спасување од води, реакции на итни медицински тимови и детекција на хемиски, биолошки и нуклеарни закани. Македонскиот тим од Струмица ќе учествува во сегментот за урбано пребарување и спасување, што е нивна специјалност.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„Нека ти е светол патот во царството Небесно Легендо!“: Емотивна

27/07/2026
Македонија

Антовска: Водата во Гостивар е без фекалии, но сè уште

27/07/2026
Македонија

Нови повисоки цени на горивата: Дизелот поскапува за 4,50 денари

27/07/2026
Македонија

Ангелов за водата во Крушево: Поради прекин на струја еден

27/07/2026
Македонија

Од утре сончево и топло време, температурите повторно во пораст

27/07/2026
Македонија

Кривична пријава за даночно затајување: Фирма и управител го оштетиле

27/07/2026
Македонија

Епидемијата во Гостивар се стабилизира: Намален бројот на пациенти 

27/07/2026
Македонија

Шпанија оживува рудник затворен 40 години – нови инвестиции, локални

27/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44686
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„Нека ти е светол патот во царството Небесно Легендо!“: Емотивна порака од Владо Дојчиноски за

27/07/2026

Со емотивна порака, актерот Владо Дојчиноски се прости од легендарниот македонски актер Гоце Тодоровски, потсетувајќи на нивната долгогодишна соработка, пријателство

Антовска: Водата во Гостивар е без фекалии, но сè уште не е за пиење

27/07/2026

Жителите на Гостивар можат повторно да ја користат водата од градскиот водовод за дел од секојдневните потреби, но забраната за

Нови повисоки цени на горивата: Дизелот поскапува за 4,50 денари

27/07/2026

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy